1031 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
13.04.2019 👁 Прочитано: 497

ТАВ МАКЕДОНИЈА: Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од 2019 година


Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што е пораст од 7% споредено со истиот период во 2018 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје опслужи 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6% пораст на годишно ниво, додека на Аеродромот Св. Апостол Павле Охридопслжени беа 26.397 патници, што е 63,9% годишен пораст.

- Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници наМеѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Скопскиот аеродром ја забележа очекуваната стапка на пораст од 5,6%, што ќе биде и повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен отворени во март оваа година, како и Ларнака и Турку, кои што ќе бидат отворени во јули 2019 година. На охридскиот аеродром забележавме неверојатен пораст во бројот на патници од 64%, како резултат на трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018 година, Малме и Милано - во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе се отворат ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгарт и Дизелдорф, очекуваме да ја одржиме високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид, притоа постигнувајќи нови рекорди. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела во областа на воздухопловството, ќе продолжи да работи на развој на мрежата на авиолинии на двата аеродрома.Во исто време, задоволството на патниците ќе остане како еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистичките податоци за патнички сообраќај на ТАВ Македонија, од јануари до март 2019 година, најфреквентните дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул со 10,9% пазарен удел, Цирих (7,5% пазарен удел), Базел (5,7% пазарен удел), Малме (4,9% пазарен удел), Виена (4,8% пазарен удел), Меминген (3,6% пазарен удел).  

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 67,4% пазарен удел, а потоа следуваат Turkish Airlines со 8,4%, Germania Flug со 4,8%, Austrian Airlines со 4,7%,  Edelweiss – 2,6%, Pegasus Airlines со 2,5%.

Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, до кои сообраќаат 13 авиокомпании.На Aеродромот Св. Апостол ПавлеОхрид во моментов 11 авиокомпании опслужуваат 5 редовни и 8 сезонски дестинации.

ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

ТАВ МАКЕДОНИЈА: Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од 2019 година
ТАВ МАКЕДОНИЈА: Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од 2019 година
ТАВ МАКЕДОНИЈА: Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од 2019 година