Здружение на финансиски организации

   

Здружението на финансиски организации на 27.6.2019 година одржа конститутивна седница на којашто беше избран Управен одбор составен од компании од различни финансиски дејности, а воедно беше усвоена и Програмата за работа преку која ќе ги спроведува предвидените активности.

Иницијативата за формирање Здружение на финансиски организации е поттикната од се` поголемата интегрираност и комплементарност на домашниот финансиски систем и од растечката појава на финансиските друштва што пак е резултат на обезбедување софистицирани услуги во согласност со потребите на граѓаните и приватниот сектор.

Една од главните цели ќе биде идентификување на предизвиците кои се однесуваат на целиот финансиски сектор со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.

Ова Здружение е единствен облик на здружување коешто ги обединува сите чинители во финансискиот сектор, почнувајќи од банкарските организации, осигурителните друштва, друштвата за управување со пензиски фондови, небанкарските финансиски друштва, лизинг компаниите и штедилниците поттикнувајќи ги на заеднички ангажман и долгорочна соработка преку олеснување на реализирањето на интерсекторски форми на соработка помеѓу  разните видови финансиски институции.

Финансискиот сектор во Македонија е многу важен за целокупната економија и оттука сметаме дека преку Здружението на финансиски организации, кое ќе функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија, ќе можеме да дадеме многу поголем придонес за развој на регулативата и на многу подобар начин ќе можат да се артикулираат интересите и барањата на финансискиот сектор.

Претседател на новоформираното Здружение е Ѓорѓе Војновиќ главен извршен директорна  „Триглав осигурување“ АД - Скопје, а за потпретседател е назначен Филип Димитровски, управител на финансиското друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје.


Податоци за дејноста

 Извештај на ММФ: Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, банкарскиот систем е стабилен
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го објави Извештајот за нашата земја, подготвен при носењето на одлуката за финансиска поддршка преку Инструментот за брзо финансирање. Во Извештајот е констатирано дека пред да започне пандемијата на ковид-19, основите на македонската економија се оценети како здрави. Според ММФ, тоа е видливо преку солидниот и дисперзиран економски раст, одржливата надворешна позиција, како и висококапитализираниот и ликвиден банкарски систем, со ниско учество на нефункционалното во вкупното кредитно портфолио. Понатаму фокусот е ставен на очекуваните ефекти од актуелниот шок од неекономски карактер, при што досега преземените мерки и активности за поддршка на економијата, се оценуваат како соодветни. >>>

Банкарскиот сектор е еден од најдобро стоечкиот кај нас - дали и колку тој може да излезе во пресрет на кризата
Функционирањето на банкарскиот систем е исклучително важно бидејќи тој треба да влијае на ликвидноста, да кредитира и да помага на приватниот сектор и во кризата, но и во иднина.
Согласно последните податоци на Народната Банка, банкарскиот систем останува здрав и стабилен и има капацитет да се справи со шоковите коишто ги предизвикува состојбата со коронавирусот. >>>

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИСКАТА СТАБИЛНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2018 ГОДИНА
Во 2018 година, вкупната актива на финансискиот сектор растеше забрзано, во најголем дел како резултат на забрзаниот раст на активата на банкарскиот систем158. Соодветен придонес имаше и растот на средствата на задолжителните пензиски фондови, иако во релативна вредност тој беше побавен во споредба со претходната година. Структурното учество на банките во вкупната актива на финансискиот систем забележа мало намалување и изнесува 82,5%. Сепак, банките зафаќаат најголем дел од финансискиот систем и имаат најголемо значење за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем, како и на останатите институционални сегменти, коишто чуваат позначителен дел од својата актива во форма на депозити вложени кај банките. >>>

 

Контакт лице: Влатко Стојановски
Телефон: ++ 389 2 3244004
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vlatko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје