Асоцијација за управување со посебните текови на отпадот

   

          Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад како посебна форма на организирање и работење во рамките на Комората ја формираа стопанските субјекти кои поседуваат лиценца за колективно или самостојно  постапување со посебни текови на отпад од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електроснки отпад, а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на  останати заинтересирани стопански субјекти,  како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од возила, од гуми, текстил и отпад од масла.
           Основачи на Асоцијацијата се колективните постапувачи со посебните текови на отпад: Пакомак, Ел-Колект, Еуро-Екопак, Нула Отпад, Екон-електрон, ОБА и Цементара Усје.
           Основните цели на формирањето на Асоцијацијата е да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот  на управување со овие текови на отпадот со најниски трошоци за индустријата а најголем еколошки бенефит за граѓаните.
          Приоритетните активности ќе бидат во насока на афирмирање на колективните и самостојни постапувачи со посебните текови на отпадот и создавање поволна законска рамка за дејноста, намалување на субјектите кои не се вклучени во соодветен систам за управување со овие видови отпад, решавање на отворените прашања со општините и комуналните претпријатија, прашањето со неформалните собирачи на отпад и други.
    За претседател на Асоцијацијата во наредниот три годишен мандат е избран д-р Филип Ивановски, управител на Пакомак Скопје а за негов заменик Фана Христовска, управител на Елколект Скопје.

ПОЛИТИКА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ
СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАДОТ

Мисија
Мисија на Асоцијацијата е поддршка на компаниите кои се занимаваат со управување со посебните текови на отпадот со цел исполнување на Националните Цели согласно националата регулатива и оптимизација на нивната работа со посебен акцент на ефективно собирање, размена и споредување на информации од сите членки.

Визија
Асоцијацијата е посебен центар за изнаоѓање на еколошк, ефективни и иновативно-технолошки начини за да се обезбеди исполнување на обврските и одговорностите на сите чинители преку колективните или самостојните системи за остваруваење на Националните цели за  посебните текови на отпад.

Принципи
Асоцијацијата се стреми сите нејзини членки во својата работа да се придржуваат кон исполнување на следниве клучни принципи кои се важни за ефективно и ефикасно управување со отпадот:
• Дефинирање на надоместокот кој производителите ќе го плаќаат согласно економските движења и потребите  на пазарот
• Услугите да се обезбедат преку конкурентно делување
• Услугите за управување со отпадот треба да се придржуваат до високи стандарди за заштита на животната средина
• Настојува да се промовира јавна свест кај граѓаните за селекција на посебните текови отпад преку заеднички прокети за кои ќе биде одобрен буџет за финансирање

Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Телефон: ++ 389 2 3244021, М. 072 220 037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: daniela@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје