Групации при Комората
   
Групација за градежништво

Во Групацијата на градежништвото членуваат фирми кои се занимаваат со проектирање и градење на објекти од високоградбата, нискоградбата и хидроградбата.
Градежните претпријатија проектираат и градат разни видови на објекти од нискоградбата (автопатишта, мостови, цивилни и воени аеродроми), од високоградбата (станбени, индустриски и јавни објекти) и од  хидроградбата (брани, тунели, системи за наводнување, системи за водоснабдување, системи за канализација со пречистителни станици и др.). Исто така, претпријатијата изработуваат експертизи и студии, инвестициони програми, како и вршат организација на изградба на комплетни објекти (инженеринг) и стручно-технички надзор над изведувањето на инвестиционите објекти во земјата и во странство.
Групацијата за градежништво функционира од 24.7.2006 година.
Групацијата делува организирано преку следење на законската регулатива, преземање иницијативи и давање предлози за нејзина измена и дополнување, третирање на проблематиката околу кадрите во градежништвото, заштитата при работа, организирање едукативни семинари и преземање други активности од интерес и за потребите на членството.


Податоци за дејноста

Учеството на додадената вредност на градежништвото во структурата на бруто домашниот производ во последните десетина години се движи од 5% до 7 %.
Според последните статистички податоци, во 2018 година вкупниот број на активни деловни субјекти изнесувал 72.315 деловни субјекти, од кои 4.938 се регистрирани во градежништвото, или 6,8 % од вкупниот број на активни деловни субјекти.
Најголем број од компаниите се компании со 1 – 9 вработени (80,5 %), со 10 – 19 вработени (5,6%), со 20 – 49 вработени (3,9 %), со 50 – 249 (1,2%) и со над 250 вработени 0,2%.
Во 2018 година од вкупно вработените 759.054 лица, во градежништвото се вработени 56.263 лица или 7,41 % од вкупно вработените.

 

Контакт лице: М-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје