Групации при Комората
   
Групација за лифтови

Групацијата за лифтови е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на производство на лифтови и нивни делови, поправка сервисирање и одржување на истите.

Во групацијата членуваат околу 17 правни лица репрезенти кои се занимаваат со производство на лифтови и нивни делови, поправка сервисирање и одржување на истите, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област.

Основни цели и задачи во работењето на Групацијата е разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда, ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, усвојува заклучоци и предлага мерки, покренува иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницира и остварува соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и др.

Претседател на Групацијата е г-дин Димче Поповски од Сервис ДАКА од Битола.

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Групацијата за лифтови



Податоци за дејноста

Производство на лифтови и нивни делови, поправката сервисирањето и одржувањето на истите, е дојнос од посебно значење во областа на производството на лифтови и нивни делови, како и услужна дејност преку која се врши монтирањето сервисирањето и одржувањето на лифтовите .

Соочувајки се голем број на проблеми, формирањето на групацијата се наметна како потреба во услови кога во земјата треба да се имплементираат директивите на ЕУ од оваа облас и инплементацијата на Праволникот за пуштање на пазар на лифтови и сигурносни уреди за лифтови и Правилник за безбедна употрдеба на лифтови и за технички преглед на лифтови со кои се уредуваат суштествените барања што треба да ги исполнуваат лифтовите, постапката за оцена на сообразноста при нивно пуштање на пазарот, безбедна употреба на лифтовите, техничкиот преглед и сл.

Исто така, Институтот за стандардизација, односно Техничкиот комитет за лифтови, подвижни скали и транспортни ленти донесуваат и треба да се донесат и усвојат многу стандарди од оваа област каде преставници на Групаацијата даваат значаен придонес.

Оваа дејност се соочува и со бројни проблеми како што се цените на лифтовите, монтажата и одржувањето на истите, потребната заштита од нелојалната конкуренција, проблемите околу наплатата на извршените работи, како и потребата од донесување на етички кодекс за работењето на членките.

Донесен нов Правилник за користење на лифтови и транспортери

Врз основа на член 19 од Законот за техничка инспекција Сужбен весник на РМ бр.88/2008, донесен е Правилник за користење на лифтови и транспортери објавен во Службен весник бр.26/09 од 24.02.2009 година.

Со овој правилник се пропишува техничката опрема која е предмет на технички преглед и периодични испитувања, ставање во употреба и користење на техничката опрема, временскиот распоред, активностите начинот и постапката за вршење на технички прегледи и периодични испитувања.

Исто така се се пропишани поблиските услови кои треба да ги исполнуваат независните правни лица што учествуваат во постапката за технички преглед и периодични испитувања и видот на документите кои ја следат техничката опрема при ставање во употреба и при користење.

Со стапување во сила на овој правилник престанува да важи Правиникот за безбедна употреба на лифтови и за технички преглед на лифтови Службен весник на РМ бр.23/2007, престануваат да се применуваат повеке правилници од СФРЈ како што се за технички нормативи за лифтови на електричен погон за вертикален превоз на стока, за технички нормативи за фасадни лифтови на електричен погон, за технички нормативи за висечки скалила на електричен погон и за технички нормативи за подвижни скали и ленти за превоз на луге.

Правилник за користење на лифтови и транспортери

Контакт лице: Перо Авакумовски
Телефон: ++ 389 2 3244048
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: pero@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје