Групации при Комората
   
Групација на сува градба

Системот за сува градба опфаќа гипс картон плочи, прегради, монолитни плафони, системи за противпожарна заштита, акустични решенија за звучна изолација, системи за заштита од штетни зрачења и слично. Предностите на сувомонтажните системи се, пред сe, напредните својства од градежната физика, т.е. звучната и термичка изолација, огноотпорноста на системите, механичката стабилност и друго.

Градбата со сувомонтажни системи со гипсени плочи зазема сe позначајно место во објектите кои се градат во нашата земја. Тие се составен дел од секој современ станбен, деловен објект, хотел, болница, училиште или каков и да било друг објект. Се вградуваат од подрум до кров, од под до плафон, кај новоградбите, како и при адаптација и санација на постојните објекти.

Групацијата на сува градба е формирана на 23.5.2007 година, со цел      организирано делување на фирмите кои вршат производство и монтажа на производи за сува градба и поттикнување на донесувањето на прописи од оваа област, кои се неопходни при работењето на фирмите, како и со цел да се подигне квалитетот при проектирањето и вградувањето на сувомонтажните системи.

На седницата одржана на 28.01.2014 година, избран е Управен одбор на Групацијата на сува градба, составен од (7) седум члена, и тоа:

- Иван Слафкоски, „Лим-пинг“ – Скопје, претседател;
- Коле Битровски, „Омега“ – Скопје, потпретседател;
- Дејан Стојанов, „Глед пол“ – Кавадарци, член;
- Филип Спасовски, „Филип Прима“ – Скопје, член;
- Зоран Шијаков, „Зоки молерот“ - Кавадарци, член;
- Блажен Зотовски, „Кнауф“ – Скопје, член  и
- Никола Теохаров, „Нико Гипс“ – Тетово, член.


 

   

 



Податоци за дејноста

                Сувата градба во Македонија поинтензивно се применува од 1994 година, кога со отварањето на Преставништвото во Скопје Кнауф почна со развој и информирање на пазарот. Сувата градба пред тоа не беше многу застапена, а истовремено  не постоеја ниту публикувани нормативи ниту пак школувани монтери.

                  Една од стратешките цели на Групацијата е поттикнување и подготовка на потребната документација  која ќе биде основа врз која во иднина ќе може да се изработи прецизна калкулација и ќе се намали можноста за грешка. Важно е да се изработат македонски нормативи за работа, да се усвојат македонски називи за поедини системи за сува градба, како и да се дефинираат описните текстови со што ќе се поедностави мерењето на извршената работа.

                Групацијата за сува градба треба да создаде услови за подигнување на општите вредности и угледот на оваа важна област во градежништвото. Затоа е важно во активностите на Групацијата да се вклучат поголем број на фирми од оваа област, кои со своето учество ќе придонесат за поефикасна работа и побрзо остварување на зацртаните цели.

            

              

 

 


Контакт лице: М-р Нена Николовска
Телефон: ++ 389 2 3244054
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: nena@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје