Групации при Комората
   
Групација на кондиторската индустрија

Во Групацијата на кондиторската индустрија членуваат правни лица, чија основна дејност е производство на чоколада, бонбони, кекси, вафли, кремови и гуми за џвакање кои се значаен дел од прехранбената индустрија.

Основни задачи на Групацијата се:

 
  • претставување и застапување на интересите пред надлежните органи и институции;
  • поврзување со сродни компании од земјите во регионов и можност за зголемување на извозот;
  • согледување на можноста за заеднички набавки на суровини и репроматеријали;
  • заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
  • следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групација е Дарко Димитровски-Европа, Скопје

 

 

 



Податоци за дејноста

 

 
        КОНДИТОРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 

              Кондиторската индустрија (производство на чоколада, бонбони, кекси, вафли, кремови и гуми за џвакање) е значаен дел од прехранбената индустрија, која со својот квантум на производство (индустрија која финализира брашно, шеќер, растителни масла, млеко, какао, и др.) запослува значаен број на работна сила Таа е голем потрошувач на амбалажа од домашните производители, користи транспортни услуги, има значаен удел во трговијата со прехранбени производи. Влијае позитивно на надворешно-трговскиот биланс на државата, затоа што вредноста на извозот на готови кондиторски производи е скоро 10% од вредноста на вкупниот извоз на прехранбените производи.

               Историја - Расположивите капацитети во екс Југославија изнесуваа 33.000 тони и беа проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 24 милиони потрошувачи на поранешна Југославија. Со производство од над 24.000-28.000 тони годишно во 1991 година, расположивите капацитети беа користени просечно годишно 70%, а во одделни периоди од годината до 90% (новогодишни и други празници).

            Во периодот по екс Југославија, неповолните општествено политичките збиднувања, економските блокади на север и југ од земјата и претесниот македонски пазар условија перманентно опаѓање на производството од година во година, така што во периодот од 1992 година до 1998 година производството опадна и се задржа на 14.000-16.000 тони или 45-50% помалку во однос на 1991 година, при што капацитетите се користеа 30-36%.

               Од 1996 година започна процесот на либерализација преку договорите за слободна трговија, најпрво со земјите од поранешна Југославија, односно земјите од регионот. По макотрпното прилагодување на новите односи на основните пазарни агрегати, во рамките на натамошната либерализација, која се одвиваше многу побрзо од процесот на унапредувањето и осовременувањето на производството, домашната кондиторска индустрија се соочи со силната конкуренција од увозот.

               Вкупното годишно производство се намали на 12 500 тони во 2017 година, за околу 50% во однос на 1991 год. кога изнесуваше 24.000 тони, и покрај новите над 30 микро субјекти во кондиторската индустрија. Но, во рамките на стратегијата на евро - интеграционите процеси , во изминатите десет години надворешно трговската размена се движеше и сеуште се движи во рамките на создавање на зона на слободна трговија во регионот и со ЕУ со што проблемот на малиот пазар се надмина, а тоа создаде услови за перманентен пораст на производството во оваа дејност.

            Тековни состојби - Во кондиторската индустрија регистрирани се над 50 стопански субјекти, од кои 85% се микро и мали Имаме исто така и значајно производство кај субјекти со третман на занаетчии- кои главно произведуваат пекарски производи и слатки за домашен пазар. Кондиторската индустрија располага со можен капацитет за производство (во рамките на проектираното време за работа на капацитетот) од околу 45.000 тони годишно.

               Но во последниве години, под притисок на засилената конкуренција од увоз, пласманот на домашниот пазар од домашите производители се намали. Излезот се бараше во зголемувањето на извозот, секако со се пониска профитабилност по единица производ, кој во 2018 година во однос на 2017 година, забележа пораст од 22% , а во 2008 во однос на 2006 пораст од 42.5% во физичкиот обем на производство. Порастот од 43% односно 27%,3% кај вредносниот дел укажува на извоз со повисока додадена вредност.

 

ИЗВОЗ - во тони

Производ

2000

2002

2006

2008

2009

2010

2012  

2018

Слатки бисквити,вафли Колачи

1.181

846

2.048

2.389

2.699

4.033

5.168

6,868

Гуми за џвакање

551

515

508

522

516

563

572

681

Останати прои.од шеќер

1.556

1.777

2.000

2.816

2.688

2.853

2.632

2,677

Приз.кои содржат како

1.441

1.275

1.412

2.773

2.353

2.657

2.536

2,994

ВКУПНО

4.729

4.413

5.968

8.500

8.256

10.106

10.908

13,220

        

УВОЗ - во тони

Производ

2000

2002

2005

2008

2009

2010

2012

2018

Слатки бисквити,вафли

7.927

8.170

9.047

8.789

7.864

6.710

6.100

5.607

Гуми за џвакање

131

120

334

301

207

141

99

85

Останати прои.од шеќер

1.190

1.560

1.942

1.909

1.741

1.789

1.701

1.627

Произ.кои содржат какао

2.142

2.430

2.445

6.272

7.818

7.648

4.600

3.456

ВКУПНО

11.390

12.280

13.768

17.271

17.630

16.288

12.400

10.775

 

          Производтвото во 2018 година достигна 24.000 тони, при што расположивите капацитети се користат над 60%.
При тоа, вкупното производство во 2018 во однос на 2010 година е поголемо за 12%, а одделно по производи најголем пораст е забележан кај други кондиторските производи кои содржат какао (за 6,5 пати), слатките бисквити 119%, вафлите 126%, итн. Споредено со 1998 година, кога започна засилената либерализација на пазарот, производството во 2018 година е поголемо за 73%.
Гледано од финансиски аспект, извозoт на кондиторски производи во 2018 година донесе 34.1. милиони САД$  или 19% зголемување во однос на 2012 (28,7 милиони САД$), додека во однос на 2000 година истото е зголемено за 2.8 пати. Во исто време увозот изминатат година изнесува 10.7 милиони САД$ што е намалување од 14% во однос на 2017 година, факт што укажува дека освен зголемен извоз, домашните кондитори истовремено ги истиснаа  странските производители и на домашниот пазар.
          

         Одделно по земји извозот најзастапен е во регионалните земји ( Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) но присутни се и на ЕУ пазарите ( Австрија, Словенија, Словачка итн ) како и во САД, Австралија и Блискиот исток.
 
         Увозот од приближно 11.000 тони кондиторски производи и домашното производство од 11.000 тони наменето за домашниот пазар, чини околу 22.000 тони годишна потрошувачка на македонскиот пазар. Заедно со отворениот странски пазар од над 500 милиони жители преку договорите за слободна трговија, укажува на голем пазарен потенцијал за развој и унапредување, односно за нови инвестиции, на оваа дејност во нашата земја.

          Одделно по земји извозот најзастапен е во регионалните земји ( Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) но присутни се и на ЕУ пазарите ( Австрија, Словенија, Словачка итн ) како и во САД, Австралија.

 

 

 

 

 

Контакт лице: Васко Ристовски
Телефон: ++ 389 2 3244014
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: vasko@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје