Групации при Комората
   
Комисија за документарно работење

Со одлука на Здружението на банкарство од седницата одржана на 18.12.2013 година формирана е  Комисијата за документарно работење во рамките на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Комисијата за документарно работење се состои од претставници на сите банки членки на Здружението на банкарство. Комисијата има претседателство на чело со претседател и заменик претседател. Претседателството има осум члена.
Комисијата во рамките на своите надлежности ги врши следните работи:
- континуирано ја следи  примената на прописите од областа на банкарското и акредитивното и гаранциско работење,
- работи на подобрување на целокупното работење на банките и штедилниците во областа на дефинирање стандарди и промени на регулативната рамка на меѓународните инструменти за платен промет, согласно светските трговски текови.
- соработува со надлежни институции во РМ од областа на банкарското работење, (како што се НБРМ, Министерства итн),
- донесува заклучоци, препораки, изготвува предлог-измени на законски и подзаконски акти, дава иницијативи за подобрување на целокупното работење на банките од областа на инструментите на платен промет со странство,
- го известува Здружението за банкарство за преземените активности од својот делокруг и дава иницијативи и предлози итн.

Претседател на Комисија за документарно раборење  е Славко Танковски од ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје и заменик претседател е Марија Трпеска Јанеска од ТТК БАНКА АД Скопје.

 

 



Податоци за дејноста

Причина за формирање на  Комисија за документарно работење при Здружението на банкарството се пронаоѓа во потребата за  оперативно покривање на случувањата од банкарското, акредитивното и гаранциско работење и односот на банкарскиот сектор по однос на тие прашања со релевантните институции, како НБРМ и Министерството за финансии.
Конкретна цел на Комисијата за документарно работење е аналитичко разгледување на сите подрачја од работењето на банките кои имаат допирна точка со акредитивното и гаранциското работење од аспект на регулативата и од аспект на оперативните постапки, кои треба да резултираат со ставови и препораки по конкретните прашања.
Комисијата по потреба соработува со другите Комисии во рамките на Здружението, а за сите заклучоци и препораки го информира Здружението на банкарство за натамошно постапување.

 

 

Контакт лице: Зоран јовановски
Телефон: ++ 389 2 3244044, M. 076 482 378
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: zoran.jovanovski@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје