ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ПРЕДЛОГ- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
08.07.2019

Основна цел на Предлог-законот е изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во насока на усогласување на Законот со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република С.Македонија.

Во тој контекст се предлага измена на постојниот член 19 со нов член 19 со кој барањата за финансиска подршка поднесени за мерки финансирани од Буџетот на Европската Унија кои не ја содржат потребната документација во моментот на поднесувањето, Агенцијата ќе ги одбие како неосновани, што е во согласност со барањата на Европската комисија и во согласност со одредбите од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Во член 2 продолжен е рокот за исплата на средства на Агенцијата од три месеци на шест месеци по поднесување на барањето за исплата, со цел усогласување со новите правила во Секторската спогодба за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата според Инструментот на предпристапна помош во политиката за земјоделство и рурален развој (ИПАРД). Воедно со истиот член  утврдено е и намалувањето на финансиската поддршка поради повреда на договорни обврски од помал обем, како барање кое произлегува од член 9, став 1, точка (д) од Секторската спогодба.

Во член 3 додадени се два нови задолжителни елементи кои треба да ги поседува договорот за финансиска поддршка и тоа намалување на финансиската поддршка поради повреда на договорните обврски од помал обем и начин, постапка и услови за раскинување на договорот.

Во членот 4 е извршено усогласување согласно новата Рамковна Спогодба за ИПА 2 по однос на елементите кои како обврска ги има Агенцијата при објавување на примачите на финансиска поддршка од мерките финансирани од страна на Европската Унија.

Во членовите 5 и 6 се врши усогласување на износите на глобите за правни и физички лица во согласност со Законот за прекршоците („„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19).

Во член 7 се уредува решавањето на започнати постапки.

Во член 8 се предвидува овој закон да влезе во сила со денот на неговото објавување во Службен весник на Република Северна Македонија.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје