ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
10.07.2019

Со членот 1 од Предлог – законот се предлага да се брише членот 99 како основ за утврдување на мерки за доделување на државна помош согласно годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството.

Со членот 2 се предлага бришење на исклучокот за корисниците на помош за загуби предизвикани од приподни непогоди и неповолни климатски настани и корисниците на дополнителна помош за исплата на загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани утврден во ставовите 2 и 3 од членот 14 од постоечкиот закон со кои корисниците на средствата од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година и Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година и Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2017 година и Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2018 година, не треба да ги имаат подмирено сите финансиски обврски утврдени во членот 14-а став (2) од Законот и истите треба да ги подмират под услови и начин пропишани со член 14-а од овој закон. Истите се по основ на закуп за користење на државно земјоделско земјиште; закупнина за користење на државни пасишта; воден надомест; концесија на рибите за стопански и рекреативен риболов; концесија за давање на дивечот во ловиштата на користење и даноци и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Со предлогот од членот 3 на оваа измена се бришат законските основи за доделување на државна помош за исплата на загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани кои беа воведени согласно измената на Законот за земјоделство и рурален развој објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 83/2015, а со тоа се укинува и Уредбата за утврдување на неповолниот климатски настан утврдување на настанатата штета, пресметување на загуба на приход од продажба на земјоделски растенија и животни, штети на стакленици и пластеници, пресметка на штетата и постапката за исплата на помош.

Со членот 4 од оваа измена се предлага започнатите постапки за помош за загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани и дополнителна помош за исплата на загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани до денот на влегувањето во сила на овој закон, да завршат согласно со Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17 и 83/18).

Со членот 5 се предлага законските измени да стапат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје