Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
03.06.2019 👁 Прочитано: 418

Како „Кроација осигурување живот“ држи лекции?


Приходите на најстарата компанија што осигурува живот во земјава, лани пораснале за 24 отсто, а профитот е зголемен за 20 отсто. Одличен резултат на „Кроација“ во конкурентна средина. И важна порака дека општеството станува посвесно и дека се зголемува штедењето преку осигурување живот

„Кроација осигурување – живот“ лани остварила нето приход од премија што е за 24 отсто повисок од приходот што го оствари претходната година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија. Имено лани компанијата на нето основа од приход од премија инкасирала 12,5 милиони евра и тоа е за 2,4 милиони евра повеќе во споредба со 2017 година.

Овој резултат е значаен не само од корпоративен аспект. Резултатот има и општествена димензија заради тоа што укажува на важен факт, а тоа е дека расте свеста кај населението за штедење преку купување полиси од животно осигурување.

Лани „Кроација –живот“ остварила добивка од 573.000 евра и тој резултат е за 20 отсто подобар од претходната година кога профитот бил за 94.000 евра понизок.

Значајно е да се истакне дека „Кроација осигурување – живот“ лани имала расходи од работењето во износ од 13,58 милиони евра, а износот на бруто исплатени штети е 2,6 милиони евра. Нето трошоците на компанијата за спроведување на осигурувањето биле 3,28 милиони евра и се за 640.000 евра повисоки од претходната година.

Интересен е податокот дека компанијата лани имала приходи од вложувања во износ од 1,68 милиони евра од кои приход од камати е 1,49 милиони евра.

Како „Кроација осигурување живот“ држи лекции?