ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
05.06.2019 👁 Прочитано: 419

„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ


Годинава АДИНГ одбележува 50 години од своето постоење и основање. Како дел од целата јубилејна кампања, на 30.05.2019, денот кога е основана компанијата се одржа и главниот настан, насловен како „50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“.

50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ

Настанот се случи во Музејот на современата уметност, во присуство на голем број гости, претставници на компании соработници од поширокиот регион и земјава, претставници на Владата на Република Северна Македонија, државни институции, претставници на Стопанските комори, факултети и останати научно-истражувачки институции.

50 годишната успешна приказна, беше раскажана низ една симбиоза на  уметнички танцови и оперски елементи, поткрепени со уникатен визуелен перформанс од наши врвни уметници, како и краток корпоративен филм и поздравен говор на претседателот на УО и генерален директор г-дин Благоја Дончев. Освен ова, присутните имаа можност да уживаат во ексклузивната изложба на делото „Глава на Жена“ (1963 г.) од Пабло Пикасо, дел од богатата и вредна колекција на Музејот на современата уметност.
 

50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ

АДИНГ е компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, која е основана на 30.05.1969 г. и е еден од ретките примери на домашни компании кои можат да се пофалат со 50 годишно постоење. Со долгогодишно постојано присуство на повеќе од 13 пазари во регионот на Југоисточна Европа, но и многу пошироко, ова е еден од примерите на скриени амбасадори и промотори на нашата земја, истовремено и активен член на  Стопанската комора на Македонија.

Како што во нивните кругови ги нарекуваат, градежни фармацевти, повеќе од сигурни сме дека ова е уште еден убав пример и приказна која ќе трае, а чиј заразен ентузијазам се огледа токму во нивното впечатливо маркетинг мото, да се биде „состојка на секоја градба“.

Моменти од настанот на фотографиите во прилог.

„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ
„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ
„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ
„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ
„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ јубилеен настан на АДИНГ