ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.06.2019 👁 Прочитано: 803

ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ


ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИМакедонски и јапонски компании од областа на: металната индустрија, енергетиката и животна средина, градежништвото, хемиската индустрија, прехранбената индустрија, ИТ-компании и компании од областа на финансиите и осигурувањето, во Стопанската комора на Македонија одржаа деловни средби со цел воспоставување идна соработка. Ова е прва официјална бизнис делегација која доаѓа во нашата земја за да реализира бизнис активности со домашни компании.

Во официјалниот дел од овој настан, пред повеќе од 50-тина бизнисмени од двете земји, свое обраќање имаа претседавачот на Собранието на Стопанската Комора на Македонија, Антони Пешев, како и Такуро Нозава, директор во Јапонската надворешно–трговска организација (JETRO) која е задолжена за промоција на јапонската трговија и инвестиции.

Во името на Комората претседавачот на Собранието, Антони Пешев, изрази задоволство што јапонските компании се гости на најголемата бизнис асоцијација во државава. -Јапонија е пријателска земја на нашата држава и истата активно ја поддржува нашата земја, - посочи Пешев. На полето на економската соработка досега има обезбедено над 272 милиона евра грантови за здравството, образованието и развојот на локалните заедници, како и близу 100 милиони евра кредити за развој на инфраструктурата. За техничка поддршка преку програми за размена на експерти и обуки обезбедени се над 47 милиони евра и над 500 стипендии за постдипломски студии, истражувања, обуки и јакнење на капацитетите.

ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ

Претседавачот на Собранието на Комората исто така посочи дека добрата меѓувладина соработка за што потврда е и отворањето на македонската  Амбасада во Токио во 2015 година и отворањето на јапонската Амбасада во Скопје во 2017 година, треба во иднина да се ефектуира и со подобрени економски резултати, бидејќи истите се на незадоволително ниво. Тој се повика на познатата јапонска поговорка, која вели дека: „ВИЗИЈАТА БЕЗ АКЦИЈА, БЕЗ ДЕЛУВАЊЕ Е СОН, А АКЦИЈАТА БЕЗ ВИЗИЈА Е КОШМАР“ и истакна дека Стопанската комора на Македонија има визија, а за да не остане истата само сон, ќе продолжи со акција, со активности за поддршка на компаниите со цел зголемена соработка помеѓу македонските и јапонските компании.

Господинот Нозава се заблагодари на амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Н.Е. Ханеда, за организацијата и поддршката во реализација на активностите поврзани со деловните средби. Тој истакна дека ова е прва официјална делегација во посета на нашата држава, составена од 17 членови кои во претходните денови имале прилика од страна на владини претставници на највисоко ниво да се запознаат со условите што ги нуди државата на странските инвеститори. Тој исто така ја претстави единствената директна јапонска инвестиција во Македонија „Writerity“, Inc., компанија која во Македонија од 2017 година развива веб-апликации и нуди услуги од областа на ИКТ, првенствено наменети за јапонскиот пазар, како и за други држави од Далечниот исток (како на пример, Филипини и Бангладеш).

м-р Анета Димовска

ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ
ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ