ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.06.2019 👁 Прочитано: 1095

ВО КИЧЕВО ДЕНЕС НА ВОЗВРАТЕНА СРЕДБА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ОД ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И СВЕТИ НИКОЛЕ


Локалниот економско социјален совет од Општина Кичево е домаќин на средбата со локалните економско социјални совети на општините Куманово и Свети Николе, по реализираните посети од ЛЕСС - Кичево заедно со ЛЕСС - Струга на 10 јуни 2019 година во Свети Николе и на 11 јуни 2019 година во Куманово. На овие средби од локално значење како надворешен член присуствуваше и Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија

На средбите што ги организираше Меѓународната организација на трудот присуствуваа членови на советите кои се трипартитни, односно има пристапници од локалната самoуправа, од бизнис секторот и синдикатите.

Целта на средбите е размена на искуства, a  се презентираa идни планови и насоки за работа, со цел подобрување на социо-економските состојби во општините. 

Во дискусијата, како значајно за бизнис секторот се потенцираше недостатокот на стручен кадар и искуство во средното образование, особено во Општина Свети Николе, а се изрази и поддршка за дуалното образование.

Локалниот економско социјален совет од Општина Кичево, кој е формиран во 2016 година, ги презентираше активностите кои се реализирани и неговото функционирање.

Се дискутираше и за овластувањата и улогата на Локалниот економско социјален совет, за оперативниот процес, техничката и административната поддршка, буџетот на ЛЕСС, за процесот за давање мислења и препораки за подобрување на процесите.

Средбите продолжуваат и утре во ЛЕСС на Општина Струга со презентација на активностите.

Во иднина од средбите се очекува зголемена соработка и поголема ефективност и ефикасност и подобрување на состојбите.

Дијана Лазороска Јованоска

ВО КИЧЕВО ДЕНЕС НА ВОЗВРАТЕНА СРЕДБА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ОД ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И СВЕТИ НИКОЛЕ
ВО КИЧЕВО ДЕНЕС НА ВОЗВРАТЕНА СРЕДБА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ОД ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И СВЕТИ НИКОЛЕ
ВО КИЧЕВО ДЕНЕС НА ВОЗВРАТЕНА СРЕДБА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ОД ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И СВЕТИ НИКОЛЕ