ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.06.2019 👁 Прочитано: 930

„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП “ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА

Во просториите на „Раде Кончар Сервис и РЕЦ“ и „Раде Кончар – ТЕП“, беше реализирана презентација на производните програми на овие македонски компании пред претставници на јапонски фирми кои ја скенираат бизнис климата во земјата со интерес за инвестирање.

„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП “ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА„Раде Кончар Сервис и РЕЦ“ каде се врши деконтаминирање на трансформаторско масло од ПСБ е компанија која од 2012 година применува најсовремена опрема на Балканот со надзор од Јапонија за реализирање на законска обврска за деконтаминирање.

„Раде Кончар – ТЕП“ има комплетно производство на електро ормари за ниско напонска мрежа, трафостаници, услуги за метална преработка, како и изработка на проекти за јака и слаба струја на објекти до клуч на рака.

Дел од производството е наменето за домашниот пазар, но многу позначајно е позиционирањето на пазарите надвор.

„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП “ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈАГенералниот директор на „Раде Кончар – ТЕП“, Горан Антевски информираше дека дел од нивните вработени пред се` на менаџерски позиции имаат поминато обуки во Јапонија во рамките на Програмата за менаџери и претприемачи, преку Асоцијацијата АОТС.

„Раде Кончар – ТЕП“ како водечка компанија во металопреработувачката и електроиндустријата вчера беше посетена од страна на јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јошихиро Секи. За Антевски кој е и претседател на Здружението на македонско-јапонско пријателство, посетата на јапонскиот министер создава нови можности за земјава.

„РАДЕ КОНЧАР СЕРВИС И РЕЦ“ И „РАДЕ КОНЧАР - ТЕП “ ДОМАЌИНИ НА ЈАПОНСКАТА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈАОд своето основање во 2006 година, „Раде Кончар – ТЕП“, како дел од „Раде Кончар – Сервис“, континуирано се развива во насока на иновација на нови производи, иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија.

Даниела Михајловска Василевска