ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
28.06.2019 👁 Прочитано: 776

Која земја во регионот има најскап леб, тутун, месо, алкохол...


Цените на храната и на безалкохолните пијалаци, во кои спаѓаат лебот и житарките, месото и млекото, сирењето и јајцето, во Црна Гора се пониски од просекот во земјите во Европската Унија за 22 отсто, покажува истражувањето на „Евростат“ за цените.

Во истражувањето биле вклучени 28 земји-членки на ЕУ, 3 ЕФТА-членки (Исланд, Норвешка и Швајцарија), 5 земји со статус кандидат за членство во ЕУ (Црна Гора, Македонија, Србија, Албанија и Турција), како и Босна и Херцеговина, потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

Кога ќе се споредат цените во Црна Гора и соседните земји - Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија, Црна Гора е најскапа во три од шест категории, а најевтина во една.

Истражување на „Евростат“ покажува дека лебот и житарките се најскапи во Црна Гора и се поскапи за 4 отсто во споредба со Србија и Албанија, а за 3 во споредба со БиХ. Алкохолните пијалаци во Црна Гора се 106 отсто од просекот на ЕУ и со самото тоа се најскапи во земјите од регионот што се кандидати за ЕУ.

Пијалаците се поскапи за 6 отсто од Албанија, 22 отсто од Србија, а 34 отсто од Македонија и БиХ.

Цигарите во Црна Гора се поскапи за 5 отсто во споредба со БиХ, 8 отсто во споредба со Србија, 9 отсто во однос на Албанија и 21 отсто во однос на Македонија.

Македонија е најевтина земја во пет од шест категории. Единствено во Романија се поевтини лебот и житарките.

Месото во Црна Гора и во Македонија е најевтино во регионот и во ЕУ, и изнесува 62 отсто од просекот, односно поевтино е за 38 отсто од ЕУ. Млекото, сирењето и јајцата во Црна Гора се 83 отсто од просекот во ЕУ и се поевтини во споредба со Србија за 4 отсто и Албанија за 11 отсто, додека во споредба со Македонија се поскапи за 12 отсто, а 2 отсто во однос на БиХ.

Резултатите се базираат на истражување што се спроведува во рамките на „Паритет на куповна моќ“, со кое се собираат цени за околу 440 споредливи производи овозможувајќи им на земјите да соберат цени за доволен број репрезентативни производи.
Која земја во регионот има најскап леб, тутун, месо, алкохол...