ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
01.07.2019 👁 Прочитано: 805

Скопскиот аеродром 64 месеци по ред има зголемување на бројот на патниците


Скопскиот аеродром забележа исклучителен раст на бројот на патниците во 64 мецеси по ред, при што бројките покажуваат континуиран пораст од јануари 2014 година, пишува „Ексјуавиешн”.

Во првите пет месеци од годинава на меѓународниот аеродром Скопје минале 844.214 патници, што е зголемување за 7,6 проценти. Во истиот период имало 7.096 полетувања и слетувања, а биле пренесени и 1.636 тони товар и пошта.
Од почетокот на годинава Визер воведе две нови линии, од Скопје за Баден баден и за Бремен, а кон крајот на идниот месец ќе има уште две, за Турку и Ларнака.
Визер во првите пет месеци од годинава го држи првото место по превезени патници, 66,4 отато, потоа следува Туркиш ерлајнс со 7,2 отсто, Аустриан ерлајнс со 5,1 отсто, Чајна ерлајнс со 4,5, Пегасус ерлајнс со 3,1 и Еделвајс ер и Кроација ерлајнс со заеднички 2,8 отсто од превезените патници.
Истанбул и натаму е најпопуларната дестинација, па 10,3 отсто од сите патинци пристигнале или заминале за Истанбул. Следен е Цирих со 7,3 отсто, Базел со 5,5, Виена со 5,2, малме со 4,5 и Братислава со 3,4 отсто.
Во истиот период аеродромите во Скопје и Охрид заедно имале 914.759 патници што е зголемување за 11 проценти.

Инаку, Визер наредниот месец ќе пушти две нови линии, од Дортмунд и Меминген за Охрид, додека Јуровингс утре го промовира летот Штутгарт-Охрид, а во јули и Диселдорф-Охрид. 

Извор: МКД.МК

Скопскиот аеродром 64 месеци по ред има зголемување на бројот на патниците
Скопскиот аеродром 64 месеци по ред има зголемување на бројот на патниците