ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.07.2019 👁 Прочитано: 337

ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА


За најдобро место за живот и работа е прогласена Швајцарија.

Таа е прва на листата на HSBC и го тргнала Сингапур, кој титулата за најдобро место за живеење ја држел пет години, објави Фактор.

Високиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата, на големо помогнале во ова време на глобална несигурност да се искачи за дури седум места.

Околу 82 проценти од луѓето кои поради работа се преселиле во Швајцарија изјавиле дека уживаат во подобриот животен стандард во споредба со својата држава.

Од економската клима задоволни се дури 80 проценти од испитаниците, додека 86 проценти од нив искажале задоволство од политичката ситуација.

Дури седум од десет од оние кои се преселиле во Швајцарија сега уживаат повисоко ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111,587 долари - што е значајно повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.

Покрај Швајцарија и Сингапур, на врвот на листата се и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, ОАЕ и Виетнам.

ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА
ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА