ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.07.2019 👁 Прочитано: 538

“FDI INTELLIGENCE”: РАСТ ОД 200 ОТСТО НА ГРИНФИЛД ПРОЕКТИ


Србија води во регионот со рекордни 5,98 милијарди долари инвестирани во 105 гринфилд проекти.

Земјите од Западен Балкан лани забележаа прилив од 9,36 милијарди долари на странски директни инвестиции што е највисок износ во последните 10 години, покажува Извештајот за глобалните гринфилд инвестиции на специјалниот сервис на „Fajnenšl Tajmsa“, „fDi Intelligence”, пушува Плусинфо.

И покрај тоа што остана надвор од ЕУ, регионот привлече 147 гринфилд-проекти за СДИ во 2018 година, што е најголем број на инвестиции за шест години, според fDi Markets.

Србија води во регионот со рекордни 5,98 милијарди долари инвестирани во 105 гринфилд проекти.

Земјава, според податоците на „fDi Markets”, од јуни 2018 до мај 2019 година привлекла 184,4 милиони долари гринфилд инвестиции при што е забележан раст на гринфилд проекти од 200 отсто. Албанија во истиот период привлекла  809,9 милиони долари гринфилд инвестиции или повеќе за 80 отсто.

Црна Гора лани привлекла рекордни 11 гринфилд инвестиции, додека Босна и Херцеговина само 4 такви инвестиции.

Според Извештајот, на глобално ниво гринфилд инвестициите имаат раст од 42 отсто или вкупно 662,6 милијарди долари. Бројот на проекти е зголемен за 7 отсто, а отворањето на нови работни места за 25 отсто.

“FDI INTELLIGENCE”: РАСТ ОД 200 ОТСТО НА ГРИНФИЛД ПРОЕКТИ