ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.08.2019 👁 Прочитано: 117

ПРВА ПОЛОВИНА НА 2019 ГОДИНА НАЈМНОГУ СМЕ ИЗВЕЗУВАЛЕ МАШИНИ И ТРАНСПОРТНИ УРЕДИ


Во првата половина годинава македонските компании на странските пазари продале производи во вредност  од 3,1 милијарди евра, што е за 14,1% повеќе во споредба со извозот во истиот период лани.

Увозот во истиот период е зголемен за 11,2% и достигна вкупна вредност од 4,08 милијарди евра со што покриеноста на увозот со извозот достигна 77,3%. Ако се гледа пак покриеноста, пак, на увозот со извозот само во јуни таа е уште повисока и достигнува рекордни  највисоки досега 86,7%.

Раст на извозот се бележи во сите сектори. Но, она што е најзабалежително е дека рекордно најголема вредност има извозот на машини и транспортни уреди кој во првата половина годинава надмина 1 милијарда евра, што е дури  33% од целиот македонски извоз.
Втора најголема вредност има извозот на хемиски производи, кој во правата половина годинава надмина 767милиони  евра и е зголемен за 20,8% во споредба со истиот период лани. Извозот на нафтени деривати бележи рекорден раст од 51,2% и изнесува над 56 милиони евра во првите шест месеци. Извозот на храна во првите пет месеци годинава достигна 177 милиони евра и е поголем за 21,6% во споредба со истиот период лани.

Раст од 16,4% има и кај извозот на пијалаци и тутун кој во првите пет месеци  надмина 101 милион евра. Раст од 7,5 % има и кај извозот на метални производи, а извозот на машини и транспортни уреди достигна рекордна вредност од над 1 милијарда и е зголемен за 17,4% во првите пет месеци.
На страната на увозот најголем раст од 28,8% има кај увозот на суровини, што укажува дека следува засилена економска активноста кај компаниите.

Ако се гледа по групација на земји, најголем дел од извозот или 82,2% бил кон земјите од Европската унија (ЕУ), кој бележи раст од 12,7%.
Втор најголем извозен пазар за македонските извозни компании биле земјите од Западен Балкан каде во првите шест месеци годинава се извезени производи во вредност од 344 милиони евра . Во  споредба со истиот период лани извозот во Западен Балкан е зголемен за 17,4%.
Голем раст на извозот од дури  242% се бележи во земјите од Азиско-пацифичкиот регион, кој во првата половина годинава надмина 50 милиони евра.

Гледано по земји, најголем дел од извозот или дури 49,3% бил насочен кон Германија, каде во првата половина годинава се продадени производи вредни 1,55 милијарди евра и тоа главно од извозот на автомобилски делови. Извозот во Германија во првата половина годинава бележи раст од 22% во однос на истиот период лани, што укажува дека негативните ефекти од забавувањето на германската економија се уште не се чувствуваат на македонскиот извоз.


Превземено од: Извозници.мк
http://izvoznici.mk/

ПРВА ПОЛОВИНА НА 2019 ГОДИНА НАЈМНОГУ СМЕ ИЗВЕЗУВАЛЕ МАШИНИ И ТРАНСПОРТНИ УРЕДИ