ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.08.2019 👁 Прочитано: 160

БРАНКО АЗЕСКИ ЗА КОСОВСКИТЕ ТАКСИ


Во врска со Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, сакам да истакнам дека во целост се согласувам со ставот на мојот пријател Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово.
Впрочем вака јавно изнесен став треба да биде пример како бизнисот треба да реагира во услови кога се преземаат политички чекори за носење популистички одлуки. 

Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово – 17.8.2019

КОСОВСКИТЕ ТАКСИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОГРЕШНИ И ПОПУЛИСТИЧКИ

Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување на забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, е во најмала мерка популистичка одлука, која е неразумна и е донесена во погрешно време.

Од една страна, се поставува легитимитетот на донесената одлука, затоа што е донесена од Влада која е во оставка, бидејќи Владата во заминување нема право да донесе таква одлука. Косово е во многу тешка положба, и ваквите одлуки се апсурдни и ѝ штетат на иднината на Косово.

Од друга страна, какви се анализите што претходеа на оваа одлука? Дали ќе биде тоа популизам, или станува збор за други интереси, кои навистина му штетат на Косово - како политички, така и економски, социјално и пред сè, во однос на интеграцијата и добрите односи со државите од регионот. Оваа одлука треба да ги засега сите оние кои го гледаат Косово како дел од регионот и сакаат да го видат во едно европско семејство, како земја-модел за добрососедство. Оваа одлука, како и Одлуката од минатата година за воведување на царинска стапка од 100% за производите од Србија и Босна и Херцеговина, придонесуваат Косово денес воопшто да не биде на листата н земји во однос на атрактивноста на привлекување на странски инвестиции, како што покажа и рангирањето на „Фајненшл Тајмс“ објавено пред некој ден.

Имено, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар. Мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи и е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Северна Македонија е членка од 2003 година.
Оттука воведување реципрочна мерка од косовската страна за забрана за увоз на одредени производи (компири и мед), во услови кога Македонија упатува на почитување европски правила и прописи, упатува дека станува збор за популистичка одлука донесена како резултат на инатење и попречување на добрите економски односи без основ.  

Инаку, и согласно правилата на ЦЕФТА, Министерството за економија уште во јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА одговори на косовската страна по ова прашање, а исто така и Агенцијата за храна и ветеринарство ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно европската регулатива. Во изминатиот период Агенцијата за храна и ветеринарство направи интензивни напори за надминување на проблемот со цел добивање соодветни информации за животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени, иако се побарани повеќе пати од ресорната институција во Република Косово. Како што информираше и министерството за економија на нашата земја, надлежните органи на Косово истакнаа дека системот за надзор на рибни болести во Република Косово не се следи.

Согласно достапните податоци, извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199,00 САД долари, додека во првите 5 месеци од 2019 година е во вредност од 212.227,00 САД долари. Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири.

Одделение за информирање

БРАНКО АЗЕСКИ ЗА КОСОВСКИТЕ ТАКСИ