ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
21.08.2019 👁 Прочитано: 180

36-ти ИЗВОЗНИК НА ДОМАТИ ВО СВЕТОТ - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГЕНЕРИРА ИЗВОЗ ОД 12,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ


Вкупниот извоз на домати во светот во 2018 година достигна 9,5 милијарди долари, што е намалување од 5,2% во споредба со претхпдната година.
Гледано по континенти најголем извозник на домати се европските земји кои лани продале на странски пазари домати во вредност од 4,3 милијарди долари или 44,8% од вкупниот извоз на домарти во светот.
Северна Америка е втор најголем извозник на домати со учество од 31,5% од вкупниот извоз, следат азиските земји кои обезбедуваат 14,5% од светските продажби на домати.
Гледано по земји најголем извозник на домати во светот е Мексико, кој минатата 2018 година извезол домати во вредност од 2,3 милијарди долари или 23,7% од вкупниот извоз во светот. Втор најголем извозник на домати е Холандија со извоз на домати вреден 1,9 милијарди долари или 20,1% од вкупниот извоз. Следи Шпанија со извоз од 1,1 милијарди евра и Мароко со извоз од 686,6 милиони долари.

На листата 50 најголеми извозници на домати во светот се наоѓа и Македонија која со извоз од 12,6 милиони долари е рангирана на 36 место.
Најголем извозник на домати од регионот е Албанија која со извоз на домати од 37,8 милиони долари, или три пати поголем од македонскиот извоз на дoмати, е 23-ти најголем извозник на домати во светот.

Грција лани имала извоз на домати во вредност од 15 милиони долари и е рангирана на 32 место, а Бугарија со извоз на домати лани од 13,1 милион долари е 34-ти најголем извозник во светот.

Превземено од: Извозници.мк
http://izvoznici.mk

36-ти ИЗВОЗНИК НА ДОМАТИ ВО СВЕТОТ - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГЕНЕРИРА ИЗВОЗ ОД 12,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ