Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
07.11.2019 👁 Прочитано: 225

ФАБРИКА КАРПОШ – ТРАДИЦИЈА, ИСКУСТВО, РАЗВОЈ


За време на седумдесетгодишното постоење фабриката „Карпош” се трансформира од мала работилница во една од водечките компании за производство на монтажни елементи и за изградба на објекти во градежната индустрија на нашата земја. Развојот на компанијата се води од неколку принцпи: специјализирани производи, постојана модернизација усвојувајќи нови технологии и квалитетни истражувања.

Во работната посета на Фабрика Карпош долгогодишна и истакната членка на Стопанската комора на Македонија, која д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекција и м–р Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите ја реализираа со г-дин Горан Јоксимовиќ, генерален директор на Фабрика Карпош се дискутираше за предизвиците на компанијата низ историјата, предусловите за долгогодишен успех во градежниот сектор, тековните проекти и обезбедувањето стручен кадар како горливо прашање за компаниите од секторот.

Покрај бројните стекнати референци во нискограбата и високоградбата од изградба на индустриски објекти, трафостаници, далеководи, мостови, па се до изработка и монтажа на урбана опрема, Фабрика Карпош произведува и бетонски и армирано-бетонски елементи со развиена и широка палета на производи, како и вонстандардни производи кои се работат исклучиво по нарачка, со цел за задоволување на потребите на клиeнтите.
 


м-р Нена Николовска