КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЦЕФТА-НЕДЕЛАТА ВО ТИРАНА

   

👁 Прочитано: 968


КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЦЕФТА-НЕДЕЛАТА ВО ТИРАНА
Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Во периодот од 16 до 18 декември 2019 година, во Тирана, се одржува ЦЕФТА-Неделата, со што ќе се обележи и крајот на претседателството на Р. Албанија со ЦЕФТА за оваа година. За времетраење на ЦЕФТА-Неделата, фокусот ќе биде насочен кон поврзувањето на трговските политики и ЦЕФТА со регионалната интеграција, фокусирајќи се на важноста за олеснување на трговијата во регионот и меѓусебните односи меѓу трговската политика и деловната заедница.

Шесте земји од регионот на Западен Балкан, како членки на ЦЕФТА, и оваа година ќе бидат присутни на настанот. Преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), претставниците од шесте комори од регионот ќе земат активно учество на панел-дискусиите, залагајќи се за заедничките цели за унапредување на меѓусебната соработка преку олеснување на трговијата и прекуграничните постапки за целосно поврзување на регионот.

КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЦЕФТА-НЕДЕЛАТА ВО ТИРАНА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ НА ЦЕФТА-НЕДЕЛАТА ВО ТИРАНАВо наредните денови ќе бидат организирани панел-дискусии на теми од особено значење за раст и развој на регионот. Дел од темите на коишто претставниците ќе имаат можност да дискутираат и да споделат искуства, се во насока на дефинирање на регионалната економска интеграција - денес и во иднина; зголемување на регионалната трговија, нејзиниот напредок и следни чекори; либерализација на трговијата со услуги и креирање на нова рамка; како и визијата за иднината на регионот на ЦЕФТА во наредната 2020 година.

Дел од темите коишто ќе бидат покриени на настанот се директно поврзани со заложбите и стратешките цели на КИФ, којшто и во наредната година активно ќе продолжи со спроведување на истите за придвижување на регионот на Западен Балкан поблиску до европското семејство.

м-р Сања Николова