ВИТАЛИА- 26 ГОДИНИ ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗДРАВА ХРАНА

   

👁 Прочитано: 1174


ВИТАЛИА- 26 ГОДИНИ ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗДРАВА ХРАНА

Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и м-р Ивана Крстевска од секторот за проекти при Комората, оддржаа работен состанок со м-р Искра Ветаџокоски Муцунска, директор и сопственик на Виталиа, на кој состанок се дискутираше за активностите на Комората, како и за поддршката која Комората може да ја пружи на своите членки со цел промоција и афирмација на нивните производи.

На средбата беа потенцирани предизвиците со кои се соочува Виталиа кои покрај недостатокот на стручен кадар, потребата за доедукација на постоечкиот кадар со цел зголемување на нивната продуктивности и ефикасност, честото менување на законската регулатива, г-ѓа Ветаџокоска ги истакна и потребата од поддршка за учество на саемски манифестации и проекти, како едни од главните алатки за промоција на домашните компании на меѓународните пазари.
 
Од страна на директорката Ветаџокоски Муцунска беше посочено дека менаџерскиот тим на компанијата константно вложува голема енергија и средства во промоција на здравата храна и едукација на своите клиенти за здравиот начин на исхрана, организираат настапи во медиумите како и промоции и дегустации со кои се приближуваат до крајните консументи кои се нивна основна мотивирачка сила.

ВИТАЛИА- 26 ГОДИНИ ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗДРАВА ХРАНАВиталиа е основана во 1993 година од кога бележи брз и динамичен развој, благодарение на високата професионалност и иновативност која денес е компанија позната на Балканот и во светот во доменот на здравата храна. Основната цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. Производите на Виталиа се достапни во сите земји на Балканот, а се извезуваат во Европа, Америка, Канада, Африка и Австралија.

Виталиа располага со сопствен деловен објект (2000м2) во Скопје, со современ магацински и канцелариски простор, како и дисконтен центар во центарот на градот. Компанијата има 250 вработени во девет сектори: Набавка, Производство, Продажба, Извоз, Развој на нови производи и контрола на квалитет, Маркетинг, Сметководство и Одржување.

Денес, портфолиото на Виталиа опфаќа над 300 артикли за домашен пазар и тоа: диететски и дијабетски производи, житни снегулки и мусли, вегетабилни млека, соини производи, жита, семиња и брашна, природни засладувачи, ладно цедени масла, чаеви, сушени овошја, функционални диет напитоци, прехрамбени суплементи и органски производи. Портфолиото на артикли за странски пазари е побројно. Како дел од нивната заложба за одржување на врвен квалитет, ги имаат имплементирано и стандардите: ISO 9001:2008, BRC, IFS, HACCP, KOSHER, HALAL, ORGANIC за производство на безбедна храна под строго контролирани услови. Виталиа е одликувана со многу награди кои го потврдуваат нивниот квалитет и даваат мотив за постигнување на уште подобри производи.
 
Виталиа и понатаму ќе останат посветени на одржување и промовирање на здрав начин на живот и здрава животна околина, како и производство на здрава и безбедна храна, неопходна за правилно развивање на младите, како и реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која ѝ припаѓаат.

ВИТАЛИА- 26 ГОДИНИ ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗДРАВА ХРАНА

Виталиа како долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија е во топ 100 извозни компании. Според податоците за 2018-та година се наоѓа на 62-то место со остварен извоз во вредност од 7.674.829,00 евра.

м-р Ивана Крстевска