ВО ПОСЕТА НА ДОЛГОГОДИШНАТА ЧЛЕНКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – „ОКТА“
👁 Прочитано: 316



ВО ПОСЕТА НА ДОЛГОГОДИШНАТА ЧЛЕНКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – „ОКТА“

„ОКТА“ е најголемиот снабдувач на горива во земјата, обезбедувајќи две третини од вкупните потреби на пазарот, со висококвалитетни производи кои ги задоволуваат последните локални и европски стандарди.

Основана во 1978 година, компанијата е предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати во регионот. Како дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата „Хеленик Петролеум“, „ОКТА“ постојано воведува меѓународни вештини, иновативни решенија и најнови технолошки трендови.

Почнувајќи од јануари 2013 година, како одговор на промените на глобалниот пазар на нафтени деривати, „ОКТА“ успешно се трансформираше од рафинерија во брзодвижечка и ориентирана кон клиентот, логистичка и трговска компанија.

Преку трговија на големо „ОКТА“ опслужува големо портфолио на клиенти, од земјава и од регионов, од мали претпријатија па сé до големи индустриски објекти и владини институции. Благодарение на долгогодишното искуство и лидерство на пазарот, компанијата има развиено врвен логистички систем кој овозможува брзо и сигурно снабдување на клиентите со горива.

Малопродажната мрежа на „ОКТА“ се состои од современи бензински станици ширум земјата кои нудат висококвалитетни производи и услуги на крајните корисници.

Поставувајќи ја безбедноста на прво место, „ОКТА“ се залага да ја врши својата дејност однесувајќи се етички и одговорно кон општеството и животната средина.

Како долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија инволвирана во работата на органите и телата на Комората, „ОКТА“ како 15-ти најголем извозник во РС Македонија според податоците од топ 100 извозни компании, претставува мотив и за коморскиот кадар во следење на промените и адаптирање на најновите европски и светски трендови во работењето на една компанија.

ВО ПОСЕТА НА ДОЛГОГОДИШНАТА ЧЛЕНКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – „ОКТА“Во насока на продлабочување на заедничките активности меѓу Комората и „ОКТА“, м-р Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Комората, остварија средба со новиот главен извршен директор на „ОКТА“, Вук Радовиќ и со д-р Ристо Јаневски, директор за стратешко планирање и развој во „ОКТА“, како и претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија.

Инаку, како дел од корпоративната стратегија, „ОКТА“ е посветена да возврати и да придонесе на значаен начин за општеството каде што работи, преку активно учество во различни општествено одговорни иницијативи и проекти.

Во фокус на работењето на компанијата е секогаш континуираното подобрување на квалитетот на производите и услугите, истовремено водејќи грижа за луѓето и животната средина. За таа цел, „ОКТА“ има воспоставено свои корпоративни политики за Квалитет и ЗБЖ, кои обезбедуваат одржување на високи стандарди за влијанието врз екосистемите и континуирано воведување иновации.

Компанијата „ОКТА“ поседува сертификати за успешна имплементација на следниве стандарди:

• ISO 9001 – Управување со квалитет;
• ISO 14001 - Управување со животна средина и
• ISO 45001 –Управување со здравје и безбедност при работа.

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Стопанската комора на Македонија