„АКВА ИНГ“ ДОО - ШТИП – ЦЕЛОСНА ЛОГИСТИКА ЗА СИСТЕМИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ
👁 Прочитано: 8166



„АКВА ИНГ“ ДОО - ШТИП – ЦЕЛОСНА ЛОГИСТИКА ЗА СИСТЕМИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ

Компанијата „Аква Инг“ ДОО од Штип се занимава со проектирање, инженеринг на технолошки системи, водоводни мрежи, системи за водоснабдување. Приватна компанија, формирана во 1995 година. Својата дејност ја започнува во областа на хидротехниката, со проектирање и инженеринг на системи за водоснабдување, наводнување, третман на води, базени и фонтани. Во листатa на реализирани проекти се вбројуваат клиенти од различен профил.

Своето поле на активности во 25-годишното постоење компанијата го прошири и во областа на архитектурата, за проектирање на индивидуални станбени куќи, станбени згради, индустриски објекти, реконструкција на постојни објекти, како и проектирање на структури од патната инфраструктура.

Во разговор со сопственикот Сашо Даскалов, дипломиран градежен инженер, во рамки на посетата што ја реализиравме разговаравме за начинот на којшто компанијата се има позиционирано со работа на ниво на целата државата, побарувачката на клиентите, но и за проблемот со којшто се соочуваат поради недостиг на стручен кадар.

„АКВА ИНГ“ ДОО - ШТИП – ЦЕЛОСНА ЛОГИСТИКА ЗА СИСТЕМИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕУслугите што ги нуди „Аква Инг“ ДОО се поделени во два дела:

1. Проектирање:

  • архитектура;
  • градежни конструкции;
  • хидротехника;
  • елаборати за животна средина.

2. Надзор:

  • над изведба на објекти за домување;

· над изведба на патна инфраструктура;

· над изведба на инфраструктура за водовод и канализација / наводнување / третман на води.

Моника Стоичева

Моника Стоичева
Регионална канцеларија Штип