ОГЛАС за избор на извршен директор на Стопанската комора на Македонија
➢ ОГЛАС (15.07.2020)
👁 Прочитано: 4943



ОГЛАС за избор на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и бр. 110/2019), согласно Законот за стопанските комори, Стопанската комора на Македонија, објавува

О Г Л А С за избор на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

Опис на работни задачи на извршниот директор:

- развива планови и стратегии за обезбедување на краткорочни и долгорочни цели на Комората, вклучувајќи, но неограничувајќи се и на унапредување на постојните и развој на нови услуги за членките;

- ориентираност кон остварување на таргетираните финансиски планови на Комората, заради одржување финансиска стабилност и натамошен раст и развој на Комората, како самостојна, независна, непрофитна организација која своите приходи ги обезбедува првенствено од членарини, услуги и проектни активности;

- годишно остварување на приходи од работењето во износ од најмалку 80 милиони денари;

- преглед и контрола на финансиски планови и извештаи;

- ја застапува Комората во имотните и другите правни работи;

- раководи и ја организира работата на Стручната служба на Комората;

- донесува одлуки во врска со работниот однос на работниците во Стручната служба;

- донесува одлуки во врска со извршувањето на општите акти на Стручната служба;

- го организира подготвувањето и одржувањето на седниците на Собранието и на Управниот одбор на Комората;

- надлежност на сите операции и деловни активности за добивање на посакувани резултати, согласно стратегиите и мисијата на Комората;

- мотивирање во унапредување и одржување на ангажманот на вработените;

- спроведување и придржување кон правните прописи и внатрешните политики на Комората;

- градење доверба и професионални односи со клучни партнери;

- анализа на актуелните состојби и одржување на конкуретна предност на Комората во деловното опкружување;

- други работи во согласност со општите акти и одлуките на органите на Комората.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови :

- високо образование, при што предност ќе имаат кандидатите со високо образование од областа на бизнис администрација, стратегиски менаџмент, менаџмент со човечки ресурси, правни науки (научен степен магистер или доктор на науки ќе се смета за предност);

- активно познавање англиски јазик;

- учество во најмалку 3 проекти, студии, истражувања, научни или меѓународни активности;

- работно искуство од најмалку 12 години (работа во исти или слични организации и работа на раководни позиции ќе се смета за предност);

- одлично познавање на MS Office пакет програми и развиени компјутерски вештини;

- објавени најмалку три научни или стручни публикации или научни или стручни трудови во домашни или меѓународни изданија;

- учество во истражувања, студии за изводливост;

- способност за раководење и контролирање на работата и обврските;

- одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување на ефикасно работно опкружување;

- одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини

- конструктивен пристап кон работнте процеси, стратегии и цели;

- проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;

- подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;

- способност за организирање задачи според приоритет и во кратки рокови;

- личност со интегритет и лојалност кон организацијата.

 

Кандидатот треба да ги достави следните документи:

§ Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование или повисок степен;

§ Работна биографија;

§ Писмо за мотивација;

§ Потврди и препораки од претходни работни ангажмани (копија);

§ Потврда за познавање англиски јазик (копија).

 

Оригиналните документи подносителот ги задржува кај себе и доколку му бидат побарани, ги доставува на увид, во натамошната постапка на избор.

Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок, со можност за флексибилност при утврдувањето на почетокот и крајот на дневното и неделното работно време.

Платата на извршниот директор во вкупен нето паричен износ изнесува 150.000,00 денари.

Извршниот директор има право на исплата на парична награда – бонус кој изнесува најмногу до 30% месечно од утврдената нето плата во зависност од деловниот резултат.

Извршниот директор има право на службено возило средна класа, 24 часа на располагање, како и можност за дополнителна едукација и дополнително осигурување.

Извршниот директор го именува и разрешува Управниот одбор на Комората за период од 5 години, со можност да биде разрешен и пред наведениот период, доколку не ги оствари планираните деловни резултати.

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, потребната документација може да ја достават лично или по пошта, во затворен плик, со назнака: пријава по оглас за избор на извршен директор, на адреса:

Стопанска комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски бр. 13 – Скопје

или во скенирана форма, по електронска пошта, на e-mail: president@mchamber.mk, со назнака: пријава по оглас за избор на извршен директор.

Контакт: Ана Стерјовска, тел: 02/3244-037
Рокот за пријавување е до 15.08.2020 година до 14:00 часот.
Постапката за избор и именување ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Служба за информирање при Комората