Одржана 5 неделна работилница за Коморите со Design Thinkers Academy
➢ Актуелно (20.07.2020)
👁 Прочитано: 1633


“Crisis management” за Коморите од Албанија, БиХ, Косово, С.Македонија, Србија и Црна Гора
Одржана 5 неделна работилница за Коморите со Design Thinkers Academy

Во рамки на проектот на КИФ (Коморски инвестициски форум) со ДИХК (Трговско-индустриска комора на Геманија), во периодот од 22 јуни до 17 јули 2020 година беше организирана онлајн работилница за Коморите од регионот односно за претставници од коморите од Албанија, БиХ, Косово, С.Македонија, Србија и Црна Гора, на тема “Crisis management” во соработка со Design Thinkers Academy (www.designthinkersacademy.com/eastern-europe).

Design Thinking работилницата претставува  итерактивен процес во кој самите учесници идентификуваат стратегии и решенија за предизвици со коишто се соочуваат во текот на работењето, а  кои можеби не се веднаш очигледни. Овој процес на учесниците им овозможува полесен пристап и доаѓање до решенија за проблеми што во моментот не се целосно дефинирани или се се сеуште непознати, преку етапно создавање на можни идеи и солуции и практично аплицирање на истите.

Според потребите на коморите за време на COVID-19 кризата, од страна на ДИХК беа идентификувани три клучни теми за коишто во посебни термини беа одржани три работилници во времетраење од 5 недели. Темите на трите работилници беа:

1. Како можеме да го редизајнираме календарот за активности и услугите на Коморите со цел истите да бидат порелевантни за компаниите-членки за време на кризата COVID-19?

2. Како можеме како Комори да одржуваме приходи за време на кризата COVID19 и да пружаме уште подобри услуги за компаниите-членки?

3. Како можеме како Комори да ја подобриме внатрешната и надворешната комуникација со кризи за време на COVID-19?

Целта на работилница беше значително да се помогне на Коморите а преку тоа и на компаниите, во справувањето со проблемите со кои се соочуваат во моментот но и по завршувањето на кризата со COVID-19.

Како претставници од Стопанската комора на Македонија кои ја поминавме работилницата, се обучивме, заедно со нашите колеги од другите Комори од регионот со неколку алатки и нови системи за креирање на стратегии за размислување и изнаоѓање решенија кои преку заедничка соработка на тимови можат да дојдат до најдобри решенија. Идејата е да се продолжи со организација на вакви настани и работилници посебно во следниот период и за претставници од компаниите со цел детектирање на проблемите со кои тие се соочуваат за време на кризата како и изнаоѓање на решенија кои преку Коморите ќе бидат проследени до надлежните институции како предлози за надминување на потешкотиите. Стопанската комора на Македонија заедно со Design Thinkers Academy и партнерите ќе организира вакви настани и за своите компании-членки.  

 

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска
потпретседател на Стопанската комора на Македонија