Пекабеско Скопје донираше 7 тони храна за најпогодените семејства од корона вирусот и со тоа се приклучи на големиот број општествено одговорни компании
➢ Актуелно (31.07.2020)
👁 Прочитано: 1283



 Пекабеско Скопје донираше 7 тони храна за најпогодените семејства од корона вирусот и со тоа се приклучи на големиот број општествено одговорни компании

Компанијата Пекабеско Скопје донираше 7 тони храна и со тоа се приклучи на големиот број општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани кои пружаат несебична поддршка на нашите сограѓани кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.

Имено, во текот на месеците јуни и јули во Црвениот Крст,беа донирани пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи, исто така, се користат и за потребите за бездомните лица.

Oд Црвениот Крст на Град Скопје истакнуваат дека во овој период е од исклучителна важност поддршката токму во пакети со прехранбени производи, бидејќи во време на криза, лицата во ризик се уште позагрозени и без никаков извор на егзистенција.

Со цел континуирана поддршка, во текот на месец мај 2020 година, Пекабеско ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје. Со потпишаниот меморандум за разбирање, Пекабеско секој месец продолжува да донира производи за потребите на Пунктот, односно храна за 70 лица.

И покрај големата побарувачка, цените на производите на Пекабеско во текот на целиот овој период останаа непроменети, известуваат од Пекабеско.

Од компанијата ги повикуваат нивните соработници и други компании да ги следат општествено одговорните чекори на бизнис заедницата, нагласувајќи дека во оваа криза предизвикана од Ковид-19 е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности., стои во соопштението на компанијата Пекабеско.

 

Пекабеско Скопје е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, покровител на Комората и е активно вклучена во работата на органите и телата на нашата институција.

 

 

Служба за информирање при Комората