Стипендии за eвропската едукативна програма „Еко вештини за зелена економија“
👁 Прочитано: 1996



Стипендии за eвропската едукативна програма „Еко вештини за зелена економија“

Институтот за истражување во областите животна средина, енергетика и градежништво – ИЕГЕ основан од Градежниот институт Македонија (ГИМ) – долгогодишна и реномирана членка на Стопанската комора на Македонија, објави повик за доделување стипендии за учество во професионална европска едукативна програма за „Развивање на еко вештини за зелена економија. 
Професионалната едукативна програма за „Развивање на еко вештини за зелена економија” овозможува надградба на еко знаењата и личен и професионален развој на учесниците. Целта на програмата е создавање на конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе придонесат за поголема одржливост на организацијата и општеството.
Програмата е дел од проектот ,,Развивање на еко вештини за зелена економија – DECOS”, финансирана од европската програма Еразмус +, Соработка за иновација и размена на добри практики, во партнерство со институции од Австрија, Финска, С.Македонија, Словенија и Романија. 
Учесниците на програмата е предвидено да се стекнат со релевантни еко вештини и истата е приспособена за кандидати кои веќе имаат базично искуство во областа на одржливоста, отпадот и енергетската ефикасност. 
Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од искусни професори со примена на иновативни практики и современи алатки.  
Програмата се состои од следните предмети: 
1.    Одржлив живот и зелени вештини;
2.    Менаџирање со отпад;
3.    Менаџирање со енергија.

Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење: е-учење, теренски активности и училница. Програмата ќе се спроведува на македонски јазик, во септември 2020 година со спроведување на посебни мерки за заштита од КОВИД-19.

Критериуми за учество во програмата се:
•    Завршено средно или високо образование во различни области;                                                                                           •    Одлично познавање на работа со компјутери (систем на е-учење);
•    Желба за учење, изградени способности за тимска работа и за комуникација.

Предност ќе имаат кандитатите со работно искуство во сектор набавки во приватни и јавни институции.
Доколку сакате да бидете дел од едукативната програма, потребно е да испратите ваша кратка биографија и мотивационо писмо во елктронска форма на info@iege.edu.mk со назнака Апликација за едукативна програма DECOS најдоцна до 20 август 2020 година.
Информациите околу повикот се достапни на веб страната на Институтот:
http://www.iege.edu.mk/index.php/en/erasmus-k2-decos/
 

Служба за информирање при Комората