Групацијата „Алибаба” го претстави пилот-проектот за паметна фабрика во кинескиот град Хангџоу
👁 Прочитано: 549



Групацијата „Алибаба” го претстави пилот-проектот за паметна фабрика во кинескиот град Хангџоу

Проектот на групацијата „Алибаба” е дел од иницијативата за паметно производство и се надоврзува на напорите на кинеските онлајн трговци да воспостават што е можно потесна соработка со домашните производители. Оваа најава го означува ширењето на „Алибаба” и на секторите за производство, што е надвор од нејзиното делување во е-трговијата. Во соопштението на кинескиот гигант во е-трговијата се наведува дека, со фабриката ќе управува интерното одделение Xunxi Digital Technology Company, а во првата фаза ќе соработува најнапред со производители на облека. Најавувајќи го пилот-проектот за паметната фабрика, „Алибаба”, објаснија дека ќе ги искористат податоците што ги собираат во интернет трговијата, пребарување и продажба за да им помогнат на брендовите да предвидат кои производи ќе бидат популарни и на тој начин самите што е можно побрзо да им ги пласираат на пазарот. Основачот на „Алибаба”, Џек Ма, во 2016 година го идентификуваше новото производство како еден од петте трендови кои ги нарече идни бизнис можности на групацијата. Ширењето на производството временски се поклопи со обидите на кинеските интернет трговци да воспостават потесна соработка со домашните производители.

Служба за информирање при Комората