Објавена листата на најдобри универзитети во светот
➢ Актуелно (21.09.2020)
👁 Прочитано: 505



Објавена листата на најдобри универзитети во светот

На листата на најдобри 10 универзитети на светот, на прво место петта година по ред е  Универзитетот „Оксфорд“, Велика Британија. Американските универзитети се најбројни на листата на 10 најдобри, а кинескиот универзитет „Цингхуа” е привот универзитет во Азија што се искачи помеѓу најдобрите 20 универзитети според новата методологија на оценување. На листата на  најдобри 10 универзитети дури 8 се од САД. Меѓутоа, 50% од најдобрите 20 американски универзитети од минатогодишната ранг-листа не успеале да ги задржат своите позиции. САД изгубиле 4 места во најдобрите 200 универзитети во последните 5 години. На листата со најдобри 200 универзитети, 59 се од САД, 29 од Велика Британија, а 21 од Германија.

Според магазинот „Форбс”, статусот на моќ во високото образование во Велика Британија е потиснат, бидејќи од 20 највисоко рангирани британски институции, минатата година само пет успеале да се искачат на листата, додека институциите  што не се во листата на најдобрите 200 паѓаат подолу на листата.

Служба за информирање при Комората