НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 25.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (25.09.2020)
👁 Прочитано: 1570


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 25.09.
25.09.1493 година, Христофор Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот свет.
25.09.1513 година, шпанскиот истражувач Васко Нуњез де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан.  
25.09.1825 година,  меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај.  
25.09.1866 година, роден е Томас Хант Морган, американски биолог и генетичар, основач на генетиката и добитник на Нобеловата награда во 1933 година.
25.09.1897 година, роден е Вилијам Фокнер,  американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
25.09.1940 година, во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.  
25.09.1944 година, роден е Мајкл Даглас, американски глумец и филмски продуцент.  
25.09.1946 година, во Скопје е основано Работничкото културно-уметничко друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.  
25.09.1969 година, родена е Кетрин Зета Џонс, британска глумица.
25.09.1990 година, Нелсон Мандела бил пуштен на слобода.
Служба за информирање при Комората