Одржан семинар на тема: ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ
➢ Актуелно (25.09.2020)
👁 Прочитано: 1760



Одржан семинар на тема: ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ

Колку и да се внимава на работното место и да се почитуваат сите протоколи и препораки од здравствените власти, сепак постои ризик за инфекцијата да се случи и при транспорт од дома до работното место и обратно, при што истата започнува да се шири меѓу соработниците на работното место, но и во семејството и блиското опкружување.

Тоа отвора нови и сериозни дилеми, колку и како се преземаат сите мерки и активности за заштита на здравјето и безбедноста на работниците од појавата и ширењето на болеста КОВИД-19 во компаниите и како тие се спроведуваат? Несомнено е дека генералните противепидемиски мерки функционираат и работодавачите во најголема мера ги следат општите мерки за превенција и контрола на ширење на болеста што се дефинирани во протоколот за сите работни места. Но, сосема е различно прашањето колку во овој период од почетокот на пандемијата, сите чинители во работниот процес ги почитуваат законските обврски што произлегуваат од Законот за безбедност и здравје на работа („Службен весник на РМ“, бр. 92/07). Исто така, останува дилемата - дали требаше да се дефинираат други, дополнителни и специфични мерки за безбедност и здравје при работа, со цел да се заштити здравјето и работната способност на работниците на нивните работни места.

Иницирани од настанатата ситуација во нашата земја предизвикана од пандемијата САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, го организираше овој семинар каде презентерите и учесниците кои се воедно и стручни лица за заштита и безбедност при работа дискутираа и поентираа заклучоци по следниве теми кои воедно како предлизи ќе бидат упатени при креирање на Новиот Закон за заштита при работа кој се очекува да биде усвоен до крајот на годината и тоа:

•Уставни, законски и стручни основи за признавање на КОВИД-19 за професионална болест;
•Безбедност и здравјето на работа во време на пандемија поради  КОВИД-19;
•Проценка на ризик на работни места;
•Што е професионален ризик за појава на КОВИД-19 на работно место?
•Проценка на ВЕРОЈАТНОСТ за професионална експозиција на САРС-КоВ-2 на работните места;
•Проценка на медицинска/клиничка ранливост;
•Утврдување на ризикот на работното место;
•Матрична проценка на ризик на работно место – верзија;
•Превентивни и корективни мерки.

По завршување на семинарот учесниците се стекнаа со сертификат за учество и потврда со стекнати 10 бодови согласно Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа.

Презентери на семинарот беа: проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд и м-р Милан Петковски, дипломиран инженер по ЗПР.

 

 

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија