ОДРЖАНА „ОН-ЛАЈН“ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЈНОВИТЕ ФИНТЕК-ТРЕНДОВИ НА ЛИТВАНСКИОТ ПАЗАР
➢ Актуелно (15.10.2020)
👁 Прочитано: 839



ОДРЖАНА „ОН-ЛАЈН“ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЈНОВИТЕ ФИНТЕК-ТРЕНДОВИ НА ЛИТВАНСКИОТ ПАЗАР

Во рамките на Твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народна банка на Република Северна Македонија“, во кој учествуваат повеќе централни банки од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), заради заедничко согледување на најновите финтек-трендови на литванскиот пазар и пошироко на европскиот пазар, на 15 септември 2020 година Народната банка одржа „он-лајн“ презентација во соработка со експерти од  централната банка на Литванија.

Народната банка и министерството за финансии преземаат постојани активности за усогласување на домашната правна рамка со законодавството на Европската Унија во платежната сфера. Во овој контекст со поддршка на Европската Унија беше изработена првата верзија на законот за кој сме во фаза на консултација со сите засегнати страни пред неговото донесување. Спроведувањето на овој закон подразбира изготвување и донесување на соодветни подзаконски акти од Народната банка коишто тековно се подготвуваат повторно со поддршка на Европската унија во рамките на Твиниг -проектот во кои се вклучени повеќе центарлни банки на земји-членки на Унијата. 

Во рамките на овој Твининг-проект е предвидена соработка со Банката на Литванија заради согледување на литванското искуство во однос на  можностите и предизвиците што доаѓаат со развојот на финтек-секторот. 

Литванија е земја со најбрзо растечки финтек-сектор во Европската Унија и втор најбрзо растечки во Европа, зад Велика Британија. Главниот град Вилнус е меѓу првите четири центри за финтек-индустрија  на глобално ниво, како и најатрактивна дестинација за СДИ во однос на технолошки страт-ап компании. Студиите покажуваат дека финтек компаниите на литванскиот пазар продолжуваат да созреваат и обликуваат пософистициран еко-систем, со повеќе приватни инвестиции што се очекуваат во 2020 година, обезбедувајќи широк спектар на дигитални финансиски услуги.

Централната банка на Литванија придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, промовирајчи иновативни финансиски решенија и одржлив развој, а воедно регулира, издава дозволи и врши супервизија на правните субјекти вклучени во целокупниот финансиски сектор на земјата. 

На нашиот финански пазар, финансиските друштва се најмладиот и најдинамичниот сегмент од финансискиот систем, коишто со својата кредитна активност овозможуваат повисоки нивоа на финансиска вклученост за одделните категории физички и правни лица со отежнат пристап до кредитите на депозитните финаниски институции. Иако на кредитниот пазар  ункционираат речиси десет години, и натаму бележат меѓу највисоките стапки на раст, а интересот за основање нови финансиски друштва во последните години, е прилично голем. Негативните преносни ефекти од глобалната здравствена и последователно економска криза, којашто избувна на почетокот од 2020 година, најмногу се манифестираат во форма на зголемено остварување на кредитниот ризик во работењето на финансиските друштва. Сепак, би можело да дојде и до позначително зголемување на побарувачката на кредити од овие друштва во наредниот период, при евентуално намалена кредитна понуда и затегнати стандарди за кредитирање од страна на депозитните финансиски институции.

На оваа „он-лајн“ презентација за пренесување на најновите финтек-трендови на литванскиот пазар, земаа учество Никола Јошевски, претстедател на Групацијата на финански друштва при СКМ и Влатко Стојановски, координатор на Групацијата.

 

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Македонија