Неделен коментар
   
Неделен коментар
22.02.2019 👁 Прочитано: 2612

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата


Елена Милевска Штрбевска

м-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Пред некој ден (на 18 февруари), ја прославивме 97 годишнината од коморското организирање на овие простори. Несомнено, тоа е бројка за почит. Но, што се крие зад овие долги години претставување и застапување на интересите на бизнисот од страна на Комората?

Ако ѕирнете во записниците од Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија во 1965 година и денес, ќе се зачудите колку се идентични барањата и тогаш и сега... Бизнис заедницата и тогаш и сега донела заклучок да се поднесе иницијатива за измена на некој закон за да се овозможи отстранување на некоја правна недореченост што спречува компаниите да си ја работат работата и да постигнуваат добри деловни резултати, или да се донесе закон што регулира определена материја значајна за унапредување на растот, поттикнување на производството или извозот, или да се донесе некој подзаконски акт што би овозможил допрецизирање на она што е уредено со закон, за да може практично да се применува од страна на субјектите на кои се однесува...

И сето тоа е така, не заради тоа што во овој период ништо не се променило или реализирало, туку заради тоа што институционалното решавање на проблемите е нешто што не треба и не може да исчезне, туку само да се надградува. Такви се токму прашањата поврзани со иницијативите за законски измени кои Комората, како резултат на барањата на бизнисмените, ги покренува како најповикана институција за институционално претставување и застапување на интересите на своите членки, пред Владата како овластен предлагач за донесување закони, измени и на закони и други подзаконски акти.

Она што при тоа прелистување на коморските барања и иницијативи низ сиве овие долги години некако „боде очи“  е еден дисконтинуитет на донесување прописи по скратена постапка или пак без консултации со приватниот сектор како правило, наместо како исклучок, кој треба најитно да се промени на подобро!

Всушност, решението на хартија е многу подобро отколку во пракса.

Еве и зошто! Во Деловниот на Собранието е точно дефинирано кога законот може да се донесе по итна постапка, а во владините акти за проценка на влијанието на регулативата е уредена постапката за консултирање на засегнатите страни во постапките за донесување на регулативата, со конкретни рокови и начини на постапување.

Практиката вели: Во јануари оваа година, од три утврдени предлог-закони на седница на Владата, два се донесени со отстапки во процесот на консултации. Во декември минатата година на седница на Владата се утврдени 27 предлози на закони од кои кај 11 има отстапки од обврската за консултирање, а во ноември 2018 година има 7 утврдени предлози на закони од кои кај 5 изостанала обврската за консултирање, односно или предлогот на законот не бил поставен на ЕНЕР, или рокот за консултации од најмалку 20 дена не е испочитуван1 . И сѐ така наназад....

Зошто треба ова да се промени? Затоа што со итното донесување прописи без консултации, го нема институционалниот пристап и консултирањето на бизнисот преку коморите за донесување на прописите, а со тоа недостасува и онаа практична, употребна вредност на донесениот закон. Причината е едноставна: оној што го пишува законот, а не се однесува на него, не може да знае какви импликации предизвикува прописот, доколку не го консултира оној кој треба истиот да го примени. Ова, секако, не значи дека задолжително практичното решение е и правно исправно, но сепак значи можност ex ante, односно пред донесување на прописот да се согледа што треба, што може и дали може, наместо тоа да се прави ex post, кога веќе ќе биде доцна.

На крајот, ќе се навратам пак на она што ние, од коморите, често милуваме да го кажеме, но сакаме и Владата да ја потсетиме да нѐ послуша, а тоа е една убава мисла од пред четириесетина години, која гласи:

„Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите,  отколку како опонент во нивната примена“
(Џејмс Харолд Вилсон, премиер на Велика Британија во седумдесеттите години од минатиот век)

 

1) Извор: Национален ресурсен центар за граѓански организации, проект финансиран од Делегацијата на ЕУ во земјава.

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА КОМПАНИИТЕ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО?

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, А ШТО НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ?

„МАЛ ШЕНГЕН“ – ЗА И ПРОТИВ?

Како да бидеме зелени, а паметни?

КОНСУЛТАЦИИТЕ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА – РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ ИЗГОВОР?

А ШТО ДА ПРАВИМЕ СО МАСОВНАТА МИГРАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ?

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

ХОЛДИНГ