Неделен коментар
   
Неделен коментар
22.02.2019 👁 Прочитано: 2606

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?


Зоран Јовановски

М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања


Коморскиот инвестициски форум (КИФ) е голема и сложена приказна што не може да се презентира со еден напис. Но, кој би бил кусиот и фокусиран приказ на суштината на КИФ што би служел како стартна точка од која ќе тргнуваат редица други текстови во иднина?

Се работи за дипломатска иницијатива на германската Влада, презентирана на Конференцијата за земјите од Западен Балкан во Берлин во 2014 година. Главната намера е јасна и прецизна, силно да се поттикне идејата за создавање регионална економска област Западен Балкан. Клучно е дека регионалната економска област не е алтернатива на процесот на пристапување кон ЕУ и процесот се базира на правната рамка на ЦЕФТА и индивидуалните спогодби за стабилизација и асоцијација на поодделните земји на Западен Балкан.

Замислата е преку економска интеграција на пазар од 20 милиони луѓе со повеќе од половина милион фирми да се забрза економскиот раст на регионот и да се зголеми неговата конкурентност преку фокусирање на некои од долгорочните двигатели на растот, како што се унапредување на квалитетот на човечкиот капитал, инвестиции во инфраструктура за иновации и дигитализација на економиите. Дизајниран е повеќегодишен акциски план за сите 6 земји и активностите се насочени кон продлабочување на трговијата во рамките на регионот, зголемување на атрактивноста на регионот како целина за инвестиции, овозможување на непречена мобилност на работната сила, експертите, студентите и професорите, како и дигитална интеграција на регионот во паневропскиот дигитален пазар. Сето ова на крајот ќе резултира со подобра бизнис клима, побрз економски раст, нови работни места, подобар животен стандард и подобри можности за младите, зголемена конкурентност на Западниот Балкан. 

За да може сето ова околу регионалната економска област непречено да се реализира, важно е да постои движечка сила што ќе дава темпо на проектот, ќе ги идентификува проблемите, ќе предлага решенија и ќе го одржува во континуитет взаемниот дијалог на структуриран и интерактивен начин, не само помеѓу јавниот и приватниот сектор во рамките на секоја од земјите, туку и помеѓу земјите. За таа цел, во 2015 година во Виена е потпишана Спогодба за формирање на Коморскиот инвестициски форум. Тој опфаќа стопански комори од шесте земји од Западен Балкан, а од нашата земја е вклучена Стопанската комора на Македонија. Отворени се канцеларии на Генералниот секретаријат на КИФ во Трст и во Подгорица. Формиран е и Деловен совет во кој членуваат некои од најсилните фирми од секоја од земјите во регионот. Назначени се и координатори за регионална економска соработка во рамките на кабинетите на шесте премиери од регионот. Накусо кажано, потенцијалот на КИФ е огромен и неговото искористување ќе се интензивира во периодот што следи.
 
Она што е суштински важно е дека, за разлика од слични иницијативи во минатото, КИФ не е теоретска конструкција, туку конкретен проект со јасно дефинирани цели и организациска структура, при што секоја од коморите во рамките на КИФ има свои задачи. Проектот има и финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој, разновидни економски агенции на Германија и Австрија и од Европската комисија преку ИПА 2 фондовите.

На прославата по повод 97 години од коморското работење во нашата земја, којашто се одржа на 18 февруари годинава во Стопанската комора на Македонија, присутни беа и претставници на КИФ. Делегација на КИФ, предводена од Марко Чадеж, претседател на КИФ и Бранко Азески, потпретседател на КИФ, се сретна и со премиерот Зоран Заев и неговиот економски тим. 

Работите во регионот имаат опиплива шанса да се движат во вистинската насока. Како што се вели во еден од документите за КИФ: „Целиот регион е во истиот воз и се движи кон истата дестинација. Како мали економии што се соочуваат со слични предизвици, предизвикани како од минатото така и од иднината, веруваме дека заедно сме посилни.“

ПОВРЗУВАЊЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР