Неделен коментар
   
Неделен коментар
01.03.2019 👁 Прочитано: 2731

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ


ЌЕ ИМА ЛИ СЕ` УШТЕ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Елена Милевска Штрбевска

м-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Јасно поставените односи меѓу јавниот и приватниот сектор е значаен сигнал на приватниот сектор за зајакнување на нивната конкурентна способност, како би имале поголем успех во тендерските постапки, а јавниот сектор - во улога на претприемач, применувајќи го начелото на добар стопанственик и давајќи им на сите еднакви можности, добива прилика да избере оптимална пазарна понуда.

Со учество на расходите од околу 40% во БДП, државата претставува значаен стопански учесник во државава. Нејзините активности, како и бројот и износот на финансиските трансакции, значајно влијаат на севкупните економски активности во земјата. Со цел ова влијание да биде максимално позитивно и поттикнувачко, интеракцијата меѓу државата и приватниот сектор треба да биде што е можно поефикасна и поправедна.

Оттаму, барањето на бизнис заедницата за ефикасен и транспарентен систем на јавни набавки е со единствена цел - државата и приватниот сектор да остварат наjвисока вредност за потрошените финансиски средства („best value for мoney“), со што ќе се остварат позитивни економски ефекти во јавниот и во приватниот сектор – поттикнување на пазарната конкуренција, спречување на корупцијата, поддршка и унапредување на квалитетот, како и унапредување на управувањето со јавните финансии.

Вчера во Стопанската комора на Македонија се одржа инфо-сесија за можностите за доуредување на Законот за јавните набавки и прашања од интерес за компаниите. Законот ќе почне да се применува на 1 април оваа година, а прашањето кое сите најчесто си го поставуваме е дали и по отпочнувањето со примена на новиот закон ќе постои простор за корупција, наместени тендери и изигрување на прописите или сето ова е минато?

Одговорот не е едноставен, ниту пак задоволувачки. Зошто? Затоа што законските одредби сами по себе, никогаш не се причина за нивно изигрување доколку сите учесници пристапуваат со чесни намери.

Затоа, и на инфо-сесијата која ја споменав беше констатирано дека улогата на компаниите во борбата против корупцијата и понатаму е голема, дури и поголема од претходно. Ова ќе го појаснам преку конкретен пример. Најголемата придобивка на новиот Закон, која е во интерес на компаниите што се јавуваат во улога на економски оператори во постапките за јавни набавки, се состои во напуштањето на концептот на задолжителност на примената на најниската цена, како критериум за избор на најповолна понуда и прифаќањето на критериумот економски најповолна понуда. Тоа, од своја страна значи дека покрај цената, која повторно може да биде еден од критериумите за економски најповолна понуда, како елементи за оценкa на понудата можат да се користат и квалитетот, техничката вредност, естетските и функционалните вредности, иновативните карактеристики, квалитетот на персоналот, условите на испорака и други слични карактеристики, кои влегуваат во палетата на елементи за оценување на понудата, со цел на крајот да биде избрана економски најповолната понуда. Сето ова и од аспект на компаниите и од аспект на договорните органи е поздравено како позитивна промена, односно чекор напред кон поквалитетни постапки за јавни набавки. Но, ако се има предвид дека оценката на наведениве дополнителни елементи е повеќе квалитативно мерлива, отколку квантитативно, се поставува дилемата дали оваа новина ќе биде предност или недостаток на новиот Закон за јавните набавки. Предност ќе биде доколку и двете страни (економските оператори и договорните органи) постапуваат со добри и чесни намери. Во спротивно ќе биде најголем недостаток.

Затоа, компаниите кои учествуваат во постапките за јавните набавки се и најповиканите учесници кои треба да се грижат за доследно почитување и применување на она што е пропишано и затоа многу повеќе од кога и да било и самите се одговорни за тоа како понатаму ќе се развива системот на јавните набавки во државава.

Да не должам, Законот за јавни набавки има многу новини и подобрувања, кои се во насока на поголема транспарентност, конкурентност и ефикасност, а дали сето тоа ќе даде и позитивни резултати во примената зависи од ефикасната примена на одредбите, без намера истите да бидат изиграни од кој и да било учесник во процесот, а можноста за управна контрола во јавните набавки, уредена со новиот Закон, е дополнителна гаранција да се спречат какви и да било коруптивни намери и активности!

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА КОМПАНИИТЕ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО?

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, А ШТО НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ?

„МАЛ ШЕНГЕН“ – ЗА И ПРОТИВ?

Како да бидеме зелени, а паметни?

КОНСУЛТАЦИИТЕ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА – РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ ИЗГОВОР?

А ШТО ДА ПРАВИМЕ СО МАСОВНАТА МИГРАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ?

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ