Неделен коментар
   
Неделен коментар
08.03.2019 👁 Прочитано: 2703

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ


М-р Зоран Јовановски
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Ако има некоја тема за која многу често се зборува во економските, па и во политичките кругови, тогаш тоа е прашањето на економскиот раст на земјава. Притоа, мислиме на стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП), односно  новосоздадената вредност во националната економија во текот на една година, како стандардна широко прифатена мерка. Важно е да напоменеме дека кога зборуваме за економски раст зборуваме за долгорочно одржлив раст, а не привремено „надувување“ на балонот само колку да се каже дека во моментот има висок раст.

Растот на БДП не е идеалната мерка што ќе покаже дали, кому и на кој начин му се подобрил животниот стандард, односно растот на БДП не кажува кај кого одат плодовите од зголемената економска активност. Сепак, тоа не ја одзема генералната корисност на овој статистички показател, бидејќи неспорно е дека, симплифицирано кажано, доколку тортата е поголема тогаш и шансите секој во општеството да добие поголемо парче се исто така поголеми. 

Во оваа прилика ќе истакнеме две работи што земјава треба да ги направи како стартна точка во однос на економскиот раст. Тие две работи се: градење национален консензус околу економскиот раст и зголемување на сензибилитетот на општеството за прашањето на растот. 

Најпрвин за градењето национален консензус. Се разбира, посакуваната стапка на економски раст не може да биде само некаква ирационална желба што општеството туку-така ќе си ја посака. Растот на БДП има свои темелни законитости и во основа зависи од редица фактори, кои по својата природа се интерни и екстерни и има разни начини на кои економскиот раст може да се забрза, но сето тоа е друга, посебна тема.

Околу што би можело општеството да постигне консензус во однос на растот? 

Би можело најмалку за две работи. Прво, национален консензус за минимална стапка на економски раст што земјата сака да ја остварува во одреден број години, при што таквата стапка би имала ориентациона, индикативна природа, но сепак би била јасно одредена цел. За таа намена би можела, на пример, да послужи просечната остварена или проектирана стапка на економски раст на другите земји од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија). Тоа е заедничкиот регион во кој функционира и македонската економија, амбиентот и околностите се слични. Логиката е дека економијата на нашата земја не би смеела да заостанува со брзината на растот во однос на регионот во кој делува.

Второ, национален консензус дека проектираната стапка на економски раст е прашање со највисок општествен приоритет. Оттука, долгорочните политики за постигнување на утврдената стапка на економски раст би се дизајнирале и реализирале со вклученост на сите чинители. Тоа значи дека би се применувал проактивен пристап кој подразбира систематизирано идентификување и отстранување на сите можни препреки на патот кон остварување на посакуваната стапка на економски раст. Алтернативата, резидуален пристап, според кој економскиот раст е само последица на околностите, е неприфатлива.

Втората стартна точка во однос на економскиот раст е зголемување на сензибилитетот на општеството за прашањето на растот. Тоа значи дека кога веќе е постигнат национален консензус за минималната прифатлива стапка на економски раст и таа е утврдена како врвен општествен приоритет, не може веќе никому во земјава да му биде сеедно дали посакуваниот раст на БДП е остварен или не. Тоа значи континуирана анализа на факторите што придонесуваат или го попречуваат остварувањето на целта и перманентно соодветно приспособување на економските мерки.  

ПОВРЗУВАЊЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР