Неделен коментар
   
Неделен коментар
22.03.2019 👁 Прочитано: 2802

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ


Елена Милевска Штрбевска

м-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Имајќи го предвид императивот од воспоставување на коректен и задоволителен однос меѓу капиталот и трудот како стожер врз кој се заснова целокупниот општествен систем во кое било време и во кој било тип општествено-економски односи, за доброто на двете страни, бидејќи имаат заеднички, а не спротивставени интереси, е капацитетот да работи што повеќе, но и вработените да добијат што повеќе.

Несомнено е дека и државата и приватниот сектор имаат интерес да се вреднува трудот на работниците на начин што ќе биде поттикнувачки за постигнување на добри деловни резултати и создавање поволни услови за интелектуален натпревар и градење ефикасни кадри кои се спремни за надградба на сопствените знаења. Но, во услови на пазарна економија, исто така е јасно дека менаџерите во приватниот сектор треба да ги следат своите бизнис планови за максимизирање на профитот и да настојуваат да обезбедат што подобри резултати, со оптимални вложувања во развојот на компанијата, вклучувајќи го и развојот на човечките ресурси. Во такви услови, се чини неоправдано мешањето на државата во определувањето на определени граници, независно дали се мисли на минималните, како минималната плата, или максималните ограничувања, како на пример законското нормирање на максималниот износ на пензија.

Во изминатиот период, во државните политики за привлекување странски инвестиции, Република Македонија се претставуваше како поволна дестинација за инвестирање, пред се`, поради евтината работна сила, а пак платите на администрацијата не се темелат врз систем на кариера, туку врз систем на работни места. Иако овие трендови на ниски лични примања, посебно во приватниот сектор поради заострената конкуренција на отворениот пазар на трудот, се менуваат во позитивна насока, односно во насока на унапредување на расположливите човечки ресурси, на државно ниво нема промени на овој план, кои би резултирале со ефикасна, професионална, непристрасна и добро платена (а со тоа и некорумпирана)  јавна администрација.

Во суштина, ставот на бизнис-заедницата и на државата не е многу различен, од причина што и менаџерите од приватниот сектор постојано укажуваат дека при градењето на политиките за односот меѓу капиталот и трудот не треба да се гледа како на две спротивставени страни, туку тој однос треба да биде поставен на здрави основи, така што би било сведено на минимум незадоволството на двете навидум спротивставени страни (државна власт- администрација, приватен сектор - вработени), а сето тоа со единствена цел - ефикасно извршување на секојдневните активности и на државата и на приватниот сектор.

Но, исто така, во услови на пазарна економија, не би било оправдано мешањето на државата во димензионирањето на какви било граници при уредувањето на прашањето за вреднувањето на трудот на вработените во приватниот сектор, што не значи дека е прашање за кое не може да се разговара. Но, на крајот доаѓаме до суштинското прашање: Дали постои претходна комуникација на оваа тема меѓу сите засегнати страни, вклучувајќи ги не само приватниот сектор и државата, туку и синдикатите, бизнис-асоцијациите и другите релевантни чинители кои можат да придонесат кон наоѓање на најдобрите можни решенија за уредување на овие прашања, но не преку директива, туку преку разговор и консултации?

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА КОМПАНИИТЕ СО ТЕХНОЛОШКИ НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО?

ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, А ШТО НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ?

„МАЛ ШЕНГЕН“ – ЗА И ПРОТИВ?

Како да бидеме зелени, а паметни?

КОНСУЛТАЦИИТЕ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА – РЕАЛНА ПОТРЕБА ИЛИ ИЗГОВОР?

А ШТО ДА ПРАВИМЕ СО МАСОВНАТА МИГРАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ?

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ