Неделен коментар
   
Неделен коментар
26.04.2019 👁 Прочитано: 3838

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА


М-р Зоран Јовановски

М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Време е на празници. Неработни денови се Велики Петок, па понеделникот после Велигден, па среда Први мај, а за многумина и вторникот помеѓу нив, како делче што ја спојува низата. Ова е убаво време, можност за одмор на вработените и за дружење со семејствата, со пријателите. Патем, сите овие денови се денови на платено отсуство од работа.

Но, убавите празнични денови некому му носат и по некоја главоболка. На пример, како да го организирате бизнисот ако сте менаџер и се соочувате со ситуација во која, во две седмици, од десет работни денови три стануваат неработни, а треба да одлучите и за тој едниот помеѓу нив, дали да работите или да го споите со другите неработни денови. Менаџерот треба да донесе одлуки и да најде решенија за организација на производствениот процес, за ангажманот на работната сила, кој кога и колку евентуално ќе работи, како и за паричните текови на фирмата. Празниците се празници, ама бизнисот е бизнис.

Празниците, како неработни денови, имаат свој одраз на перформансите на економијата. Тие предизвикуваат одредена загуба, но носат и корист. На пример, празниците предизвикуваат прекин на производството, односно на активностите на фирмата. Помалиот број работни денови води до помало производство, помала додадена вредност на економијата, помал економски раст.

Понатаму, празниците предизвикуваат зголемени трошоци на фирмите за работната сила. Во денови на празник работат трговските фирми и работниците продавачи треба да бидат платени повеќе кога работат во такви денови.    

Од друга страна, празниците, како неработни денови, носат и одредена корист за економијата. Така, во деновите на празници населението има повеќе време за купување, па се зголемува личната потрошувачка. Исто така, расте и потрошувачката за услуги во туризмот.

За економијата корист носи и фактот дека работната сила има повеќе време да се одмори. Тоа овозможува човечкиот капитал да има зголемена креативност, што води кон иновации и повисока продуктивност.

Важен елемент во оваа приказна е бројот на неработни денови по основ на празници во текот на годината. Како стои нашата земја во тој поглед? Ако се земе збирот на државни и верски празници, ние имаме најголем број неработни денови по основ на празници од сите земји во регионот на Западен Балкан. На пример, во 2019 година Косово и БиХ имаат 9 неработни денови, Црна Гора 11, Албанија 12 и Србија 15 денови. Истовремено, вработените во нашата земја, оние од православна вероисповест, имаат 16 неработни денови по основ на празници. Ако се земе предвид фактот дека од 2001 година наваму економиите на земјите од Западен Балкан (без нашата) во просек растеле за 0,9 процентни поени годишно повеќе во споредба со македонската економија, тогаш саркастично погледнато, се поставува прашањето како овие земји со помалку одморена работна сила имаа повисок раст?

Но, не е само бројот на неработни денови по основ на празници фактор што влијае врз перформансите на економијата. Одредени економски истражувања покажуваат дека она што е исто толку важно како и бројот на неработни денови по основ на празници,  е предвидливоста на празниците. Тоа значи празниците да не се обзнануваат во последен момент, туку да се знаат однапред уште на почетокот на календарската година. Во тој поглед, бизнис секторот во земјава ужива задоволителна предвидливост.  

ПОВРЗУВАЊЕ НА УСПЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР