ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
10.05.2019 👁 Прочитано: 2466

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО


Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Иако процесот на децентрализација во Македонија официјално се спроведува веќе речиси 15 години, реалните ефекти од тој процес се уште се занемарливи. Во текот на спроведувањето на процесот на децентрализација се отвораат низа прашања на кои сеуште се бараат одговори, а со тоа се успорува нејзиното натамошно спроведување во практиката. Ако се имаат предвид општите проблеми кои постојат во скоро сите системи на државната власт, не е чудо што Македонија сè уште е една од фискално најцентрализираните држави во Европа во која најголем дел од општините немаат доволно финансиски средства за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Сигурно дека во почетоците на осамостојувањето на државата одредена улога во централизирањето на власта имале и напорите за воспоставување независна и самостојна држава, преминот кон повеќепартиски систем и пазарна економија, што логично ја наметнало и потребата за што поголемо зацврстување на деловите на управниот систем својствен за секоја самостојна држава.

Но, со текот на времето, се менуваат приликите и приоритетите, а и потребите и на граѓаните, и на стопанството и на државата. Токму во таа насока, децентрализацијата на државната власт и спроведувањето на надлежностите на урбанизмот, комуналните дејности, предучилишното воспитување, основното и средното образование, основната здравствена заштита, социјалната и детската заштита, културата, спортот и многу други прашања конечно би требало да станат прашања од надлежност на единиците на локалната самоуправа, а не на централната власт. Руралниот развој, а со тоа и обезбедувањето на рамномерен регионален развој е прашање кое е од повеќестран интерес и за граѓаните и локалната власт и за државата.

Во моментов, и да е така на хартија, во праксата не е така. Сите овие надлежности, иако навидум локални, во многу аспекти се зависни од централната власт. Една од причините, ако не и најзначајната е непостоењето на соодветен систем на финансирање на единиците на локалната самоуправа, кои ги прави зависни од централната власт. Не е премногу остро ако се каже дека општините во денешни услови имаат средства единствено за покривање на платите на вработените и некои основни тековни активности.

Но, основните прашања што го поставува бизнисот се :

Ø Kаде се можностите за инвестициона активност на општините?

Ø Постојат ли можности за заживување на јавно-приватното партнерство?

Ø Дали вистински се размислува за заживување на руралните подрачја и земјоделството, како една од најзначајните гранки во државата или сето тоа е некако подзаборавено?

Наследените и изострени проблеми сврзани со нерамномерниот регионален развој лимитирачки влијаат врз рационалното користење на расположливите производствени ресурси и на развојот не само на регионите, туку и на земјата во целост, а овластувањата кои локалните власти ги имаат во моментот не оставаат простор за подобрување на состојбите.

Конкретно, на Македонија и недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе допринесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари заснована на балансиран развој во сите региони и потребата да се обезбедат перспективи за раст на руралните области и села. Идејата за “паметни” села не може да се направи изолирано и треба да биде вградена во пошироките стратегии за регионален развој.

Неопходно е да се намали јазот помеѓу руралните и урбаните области и да се размислува за развивање на потенцијалите за зајакнување на врските меѓу руралните и урбаните области и дигитализација на руралните области, што во овој момент ни изгледа недостижна.

Во вакви услови, кога општините имаат ограничени овластувања и ресурси, речиси е невозможно да се размислува за зајакнување на активности кои општините би можеле да ги преземаат за унапредување на локалниот економски развој, а со тоа и постигнување на економски раст и развој на државата.

Еден од аспектите кој е еден од најзначајните за да се направи чекор напред во ефикасното спроведување на процесот на децентрализација е и прашањето за руралниот развој, што ќе биде и една од темите на меѓународната конференција на тема Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија “, што ќе се одржи на 16 мај 2019 година во Стопанската комора на Македонија. На нашите рурални заедници им се потребни работни места, основни услуги, поврзување и паметни транспортни решенија, како и поволна клима за претприемништво. Мора да им се помогне на постојните рурални бизниси да се поврзат, да се интегрираат и да соработуваат подобро со урбаниот бизнис. Руралните области имаат големи можности за развој и тие можат да станат уште попривлечни ако им овозможиме на локалните актери да го откријат својот потенцијал.

Од овие причини, Стопанската комора на Македонија, поттикната од барањата на бизнис-заедницата цени дека е потребно целосно да се спроведе процесот на реформата на локалната самоуправа , кој ги вклучува прашањата за д ецентрализација на власта , фискална децентрализација , територијална организација , рамномерен регионален развој, развој на руралните подрачја и јакнење на капацитетите на општините. Иако бизнис заедницата е свесна за состојбите и ризиците кои би можел да ги покрене ваквиот процес, апелира да се изнајде соодветно решение за ова прашање, на начин што ќе обезбеди забрзан локален економски развој.

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

КОИ СЕ НАСОКИТЕ ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА АГРО СЕКТОРОТ ВО ДРЖАВАТА ?

„Интелигентното земјоделство“ пракса во светот, кај нас по двајца во село знаат да работат на компјутер

Меѓународна конференција за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор – 16.5.2019 година Стопанска комора на Македонија

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ