ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
17.05.2019 👁 Прочитано: 1381

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ


Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Општествено одговорното работење станува долгорочна, конкурентска предност и услов за опстојување на пазарот, како за компаниите со странски капитал, така и за домашните компании.

Стандардот за корпоративна општествена одговорност ISO 26000 ја дефинира општествената одговорност како одговорност на организацијата/компанијата за влијание на нејзините одлуки и активности врз општеството и животната средина преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува за одржлив развој и благосостојба на општеството, ги зема предвид очекувањата на заинтересираните страни, работи во согласност со важечките закони и меѓународните норми на однесување и таквото однесување го спроведува во односите со своите клиенти или заинтересираните страни.

Ако ги земеме како пример компаниите од каде што доаѓа раководството на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија (претседателот и потпретседателите на оваа асоцијација), а тоа се ЕВН Македонија, Комфи Ангел Скопје, Арцелормиттал Скопје, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои општествено одговорното работење претставува нераскинлив дел од нивната корпоративна стратегија.

Такви се, на пример,активностите на ЕВН Македонија за подигање на свеста за разумно користење на електричната енергија, заштитата на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување опасни материјали од трансформаторските станици, поддршката на настани поврзани со македонската традиција, инвестирањето во промоцијата на спортот и здравјето и тн.

Проектот на Комфи Ангел Прилеп насловен „Караван на среќата“ кој традиционално се организира секоја година, со цел собраните средства од купените производи на оваа компанија ширум државава да се донираат за поддршка на младите и спортот е исто така значаен придонес за подигнување на јавната свест за потребата од практикување на општествено корисно однесување.

Бројните хуманитарни акции на Арцелормиттал за децата без родители, за Заводот за рехабилитација на деца и младинци, за поддршка на културата и негувањето на пишаниот збор, како и за заштита на животната средина се исто така дел од активностите на странските инвеститори во земјата, со кои, на дело покажуваат дека нивната цел не е само остварување на профит и други компаниски цели, туку и грижа за општото добро на средината во која работат.

И ова не се единствените примери. Ги има многу. Впрочем, нема компанија- странски инвеститор која на некој начин, со дел од своите активности, не придонела за промовирање на општествените вредности, насочени кон економска и социјална благосостојба, преку кои, во суштина, се постигнувa подобрување на сопственото реноме на компаниите, но и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото општествено окружување.

Во тој контекст, би го споменала „Светскиот пикник“, кој веќе стана традиционален настан од хуманитарен тип, во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Оваа година ќе се организира на 9 јуни во Градскиот парк, кадешто преку мноштво забавни содржини за младите, но и за возрасните, граѓаните ќе имаат можност да ја вкусат традиционалната храна на земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава, а средствата собрани од организацијата на овој настан ќе се доделат на оние на кои тоа им е најпотребно, како што се народните кујни, социјално ранливите категории и слично. На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење.

Со раздвојувањето на сопственоста од управувањето со капиталот, неминовно доаѓа и до промени во начинот на управување на компаниите, па сите чинители имаат директен или индиректен поединечен интерес од работата на компаниите: вработените и менаџментот добиваат плати и награди, акционерите добиваат приходи од капиталот, купувачите ги добиваат потребните добра и услуги, а добавувачите добиваат соодветен надомест за продадените добра. Со тоа, сите чинители обезбедуваат определена вредност, но доколку кон сите овие вредности не се додаде и јасно прокламира и стремежот на компанијата кон некоја јасно определена заедничка цел, која е општествено корисна за еден поширок круг во заедницата, тогаш и компаниските поединечни цели остануваат незабележани.

Токму затоа, општествената одговорност на компаниите е прашање кое е дискрециона одлука на секоја компанија, односно прашање кое не треба да се уредува со прописи, туку треба да биде дел од една високо развиена јавна свест, корпоративна култура и вредности , чија цел не се состои во обезбедување на определени даночни повластици заради дадените донации или спонзорства во јавните дејности, туку истата придонесува кон јакнење на нивната конкурентност во глобалната економија преку зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, придонесува за подобрување на угледот и имиџот, заштита на животната средина, подобрување на социјалните услови во заедницата, како и промовирање на етичкото управување.

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ