ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
31.05.2019 👁 Прочитано: 2011

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?



Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Справување со проблемите на емиграција, недостаток на квалификуван кадар, сива економија....

Во сите постоечки домашни стратешки документи, кои се однесуваат на населението и неговиот развој, но и во меѓународните извештаи, како значаен проблем се истакнува миграцијата на младите луѓе, поточно масовното заминување на младата популација од земјава, најчесто заради подобри услови за живот и работа надвор од државата.

Според извештајот на Светската банка, Македонија е рангирана на 23-тото место во групата од 25 земји со најмногу емигранти. Податоците покажуваат дека работоспособното население, особено она на возраст од 15 до 49 години се повеќе се намалува, па така од списокот на лицата кои можат да работат секоја година снемува по десетина илјади.

Статистиката покажува и дека секоја година се намалува и бројот на запишани основци и средношколци, а од многубројните податоци, но и од општата слика која ја гледаме секојдневно, можеме да констатираме дека државата незапирливо се празни.

Од многубројните дебати на оваа тема, може да се констатира дека постои голема свесност за постоењето на проблемот на масовно заминување на младата популација од земјава, а со тоа и за одливот на работоспособна квалификувана работна сила од земјава, кој станува горлив проблем на секој успешен стопанственик.

Од друга страна, и бизнис-секторот, во улога на работодавач кој има потреба од млад оспособен кадар, се соочува со бројни други предизвици, па така сопстениците на капиталот и менаџерите мораат да бараат начини како да ја подобрат конкурентноста, продуктивноста и техничко-технолошкиот развој, ако сакаат да бидат успешни на домашниот и меѓународниот пазар, што од своја страна подразбира вложување дополнителен труд, време и ресурси за постигнување на овие цели.

Следејќи ги овие трендови на „постојано трагање по среќата“ некаде надвор од државата, од една страна, и недостатокот на работници во земјата, од друга страна, се поставува прашањето дали постои волја на општествените чинители нешто да се направи, за да се задржат младите лица да градат посветла иднина во сопствената држава, а компаниите да не размислуваат за селење на капиталот во друга земја?

Ако се тргне од регулативата, можеби и може да се каже дека сепак работите се тргнати на добро. Справувањето со сивата економија и ефикасната контрола од надлежните инспектори, што се предмет на уредување на новиотЗакон за прекршоци и новиот Закон за инспекциски надзор, се дел од регулативата, во која учествуваше и бизнис-заедницата, преку Стопанската комора на Македонија. Се очекува дека овие прописи, доколку се имплементираат соодветно, ќе придонесат за поголема правна сигурност, владеење на правото и правната држава, зајакнување на контролата во сузбивањето на неформалната екононија и еднаков правен третман на сите субјекти пред законот.

Деновиве отпочна со примена и Законот за практикантство, како добра можност на невработените лица кои бараат работа и се заинтересирани да се стекнат со знаења и вештини, истото да го реализираат во практиката, за да можат со стекнатото искуство да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и полесно да најдат работа. Практикантството, како што се наведува во изготвената компаративна студија во рамки на Проектот за подобра бизнис регулатива, исто така им помага на невработените лица да ги осознаат спецификите и организацијата на тековните работни средини, да го зголемат својот социјален капитал и да ја зголемат својата самодоверба и самопочит. Преку квалитетна практикантска работа невработените лица полесно преминуваат кон трајно вработување и се интегрираат во работната средина. Од друга страна, работодавачите преку практикантството имаат одлична алатка за регрутирање на квалитетен кадар бидејќи можат да ги проверат кандидатите низ работа без притоа да се обременети со административни и долгорочни законски обврски што ги повлекува полното вработување. Доколку одлучат да задржат некои од практикантите, тие добиваат веќе обучен кадар којшто веднаш може да се вклучи на работното место и на тој начин ја подобруваат продуктивноста.

Овој закон, впрочем, е еден успешен пример кој покажува како треба да се подготвува регулативата, бидејќи истиот е работен во рамките на Проектот за подобра бизнис регулатива, во кој се вклучени стопанските комори, поттикнати од своите членки кои се соочуваат со погоренаведените проблеми, а истиот е работен подолг период, во соработка со сите засегнати страни, врз основа на компаративни анализи и согледувања. Останува да видиме дали овој закон ќе ги даде очекуваните резултати во праксата, и дали барем малку ќе придонесе за подобрување на состојбите на планот на обезбедување стручен кадар, намалување на невработеноста и подобрување на продуктивноста на компаниите.

Секако дека не може да се очекува дека овие неколку нови закони ќе ги решат проблемите преку ноќ и дека тоа е единственото можно решение за подобрување на состојбите.

Но, она што дава надеж дека работите ќе се променат на подобро, е големата свестност на сите чинители дека не можеме да седиме со скрстени раце и да очекуваме проблемите сами да се решат. Ниту, државата, ниту поединците, ниту пак компаниите и стопанските комори не можат да направат успешен чекор напред, доколку не дејствуваат заеднички .

Потребен е интегрален пристап на сите засегнати чинители, насочен кон создавање стабилна институционална и законодавна рамка, но и стратегија којашто јасно ќе ги утврди барањата на бизнис-секторот, потребите на младите лица и приоритетите на државата за обезбедување пристоен живот на граѓаните во сопствената држава, успешна работа на компаниите и среќна и просперитетна младина. Вистинско време е сите засегнати страни во земјата да воспостават формална, зрела и интензивна соработка, која што ќе понуди соодветни решенија за надминување на наведените состојби.

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ