Неделен коментар
   
Неделен коментар
18.10.2019 👁 Прочитано: 1140

ДАТУМ НЕМА, ДА СЕ ДЕПРИМИРАМЕ ИЛИ ДА СЕ МОТИВИРАМЕ?


М-р Зоран Јовановски
Биографија
М-р Зоран Јовановски
Главен советник на Управниот одбор
на Стопанската комора на Македонија
за економски прашања
Не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Првичните реакции во земјава се емотивни и тоа е сосема разбирливо затоа што во изминатиов период се направени неверојатно големи политички отстапки. Колку поголеми отстапките и очекувањата, градени подолг временски период, толку поголемо разочарувањето.

„Тоа што не нé убива, нé прави посилни“ – Фридрих Ниче.

Сепак, првичниот шок ќе помине и само се поставува вистинското прашање, што сега? Можеме да бараме виновници. Да ги бараме во странство, во земјата, да го анализираме и вреднуваме секој направен или ненаправен потез. Секој со своите мотиви и за свои цели. Можеме да нурнеме во шпекулациите за меѓународни регионални и глобални заговори против нас. Можеме да донесеме брзоплети заклучоци за поинакви стратешки патеки. Дали тоа ќе не’ повлече напред?

Емоциите се неизбежни, но не се сојузник во вакви моменти. Потребна е рационалност. Ајде да ги погледнеме случувањата од еден поинаков агол, контекстот за бизнис заедницата. Да земеме неколку примери. 

Пример 1. Нашата бизнис заедница, во најголем дел го преживеа распадот на СФРЈ, нашата поранешна федеративна заедница. Таа се распадна со сите катастрофални последици што произлегуваат од тоа. Дотогашниот пазар од 20 милиони луѓе се сведе на пазар од 2 милиони луѓе. Со распадот на поранешната  земја беше напуштено и поранешното општествено уредување – социјализмот, и неподготвени загазивме во капитализмот. Сето ова наликуваше на неверојатен потфат. Во многу други земји бизнисмените немаше да се справат со овие драматични турбуленции.

Пример 2. Нашата бизнис заедница преживеа период на троцифрена инфлација. Само тој што не го проживеал такво нешто не може да го долови ужасот на тоа искуство, кога секој со секого, на дневна основа, се напреварува побрзо да ја зголеми цената на својот производ. Цените во галоп и тотална непредвидливост што носи утрешниот ден.

Пример 3. Нашата бизнис заедница го преживеа периодот на затворена грчка граница. Тоа значеше недостапност до Солунското пристаниште, нашиот природен излез на море, витално важен за извоз и увоз на македонски производи. Оставени на удар на околностите, да се види, ќе преживееме како држава или не?

Пример 4. Нашата бизнис заедница преживеа во ситуација кога на 40 километри од главниот град на државава имаше сериозен меѓуетнички внатрешен вооружен судир. Во тој момент, последиците од судирот не можеа да се предвидат.

Листата на примери тука не се исцрпува. Моето логично прашање е: дали сегашното недобивање на датум е пострашна закана за македонската економија од она што во даден момент биле горенаведените примери?  Не е. Преживеале македонските бизнисмени многу полоши случувања од сегашниве. Патем, и досега македонската економија живееше без датум, со години. Ова не значи дека треба да ни е сеедно за недобивањето на датумот, не ни е сеедно, ама не е ниту крај на светот.  

И сега, после недобивањето на датумот да бидеме депримирани или мотивирани? Мислам дека ова е редок момент кога треба како земја, сите заедно, да се погледнеме во огледало и да се отрезниме, конечно да разбереме дека среќата не може да ни дојде од некого друг, мора да дојде од нас самите.

„Среќата никогаш не им се насмевнува на оние кои самите себеси не си помагаат“ - Софокле

Зошто тогаш да не поработиме повеќе самите на себе? Постојат милион работи што можеме да ги направиме, а кои немаат допирна точка со датумот за преговори, зависат од нас самите. На пример, што нé спречува да се организираме подобро за да ја зголемиме искористеноста на средствата од европските фондови? Можеме ли систематизирано да ги идентификуваме и отстраниме сите бариери на тој пат? Парите што нашите европски пријатели ги издвоиле за нашата земја се таму, чекаат. Патем, износот на европските фондови за земјава немаше да се зголеми ако таа добиеше датум за почеток на преговорите.

Или, што нé спречува да ги пополниме празните амбасадорски места во клучни земји? И, притоа да се водиме доминантно од принципите и приоритетите на економската дипломатија, таа може да даде дополнителен импулс за македонската економија и нејзиното присуство на странските пазари.

Што не спречува да воведеме, конечно, здрав разум во образованието? 

Зошто не го направиме што побрзо пописот, да видиме колку и каде сме, за да можеме ефикасно да ги користиме скудните економски ресурси што земјава ги има?  

Вакви „зошто“ има многу и одамна. И со датум, и без датум, треба да ги засукаме ракавите. Бизнисот бара предвидливост за да може да инвестира и да се отвораат нови работни места. Општеството е изморено од постојаната политичка битка. Потребно е заедништво. Обединување околу заедничка здраворазумска економска визија. Потребно е максимално ангажирање на сите добронамерници што ги има земјава. Сто вистински луѓе на сто клучни места и за пет години ќе има конкретни, опипливи ефекти. Да се направат сите милион потребни работи за да и’ оди на македонската економија што подобро. Таа создава работни места и животен стандард. Лебот од таму доаѓа. Исто, и приходите во буџетот. Конечно, кога самите ќе бидеме подобри и сите во светот ќе нé сакаат повеќе.  

 

КАКО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ ДАНОЦИТЕ?

Зголемување на минималната плата, про и контра

ДУИНГ БИЗНИС И БИЗНИСОТ

СВЕТСКА БАНКА, ПРОДУКТИВНОСТА, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ВОЈНИ

ГОЛЕМИ РИБИ ВО МАЛ АКВАРИУМ

ПРВАТА ГОЛЕМА ГЛОБАЛНА ЛЕКЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

ВАЖЕН МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА

БУРА ВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАКО ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ?

56ТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО НЕ Е САМО ЗА СУДИИТЕ И АДВОКАТИТЕ

ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН...

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА НЕЕКОЛОШКИ БИЗНИСИ

ДА СЕ ЧЕКА ВО ЧЕКАЛНАТА ИЛИ НЕШТО ДА СЕ ПРАВИ?

РАЗУМНОСТ ВО ПРАКСА

ШТО НЕ Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ЗАПРЕ?

ШТО Е ДОБРО И ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ?

КАКО ГЛЕДА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НА ЕКОНОМИИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?

ИМА УШТЕ МНОГУ РАБОТА КАЈ ПОЛИТИКИТЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

ДА СИ ПОВТОРИМЕ

МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – ПРАШАЊА ШТО БАРААТ ОДГОВОРИ

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“

КОЈ КОЛКУ РАСТЕ ЕКОНОМСКИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН?

БИЗНИС СЕКТОРОТ И НАСЕЛЕНИЕТО СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ РАЦИОНАЛНИОТ ПАТ

ЧЕТИРИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

СИРОМАШНА ДРЖАВА СО НЕИСКОРИСТЕНИ РЕСУРСИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЕКОНОМИЈАТА

ПОПИСОТ КАКО ОСНОВА ЗА ВАЖНИ ЕКОНОМСКИ ОДЛУКИ

НАЦИОНАЛЕН КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ЕКОНОМСКА ФИЛОЗОФИЈА ШТО МОТИВИРА ИЛИ ДЕМОТИВИРА

Што е, всушност, Коморскиот инвестициски форум?

ДАНОЧЕН КАЛЕНДАР