ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
26.07.2019 👁 Прочитано: 799

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!


Елена Милевска Штрбевска
Биографија
д-р Елена Милевска Штрбевска
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Во ситуација кога среде лето при прегледот на најновите вести што ги носи денот, наместо да се релаксирам со неколку убави, светли содржини, се соочувам со пренатрупаните информации за текот на актуелните судски случаи со најразлични интересни имиња, за политичките превирања, афери, скандали, сценарија, размислувам дали е можно да се направи нешто што ќе ја промени ваквата ситуација... Не знам дали од сите овие информации обичниот граѓанин би имал некаква корист, но знам дека таквите информации, без оглед дали се точни или лажни, придонесуваат да се чувствуваме потиштено, неудобно, тмурно... Ако се сметаме себеси за одговорни граѓани во оваа држава, морето од информации од овој тип не може да нe` остави рамнодушни, но основното прашање кое си го поставувам е дали сме дојдени до тој стадиум кога ниту добрите работи кои ни се случуваат во државава не можат да дојдат до израз и се потиснати од овие првите? Или, уште полошо, и добрите работи се прикажуваат во негативен контекст...

Ако фокусот на интересот на поединецот е да си го направи подобар, поудобен и посреќен сопствениот живот, а бизнисмените да се борат за поголеми профити во услови на еднакви можности на пазарот и здрава конкуренција, прашањето е како да се постигне ова во една држава како нашата, која согласно Уставот е дефинирана како суверена, самостојна, социјална и демократска?

Демократијата не значи дека секој може да прави што сака и кога сака. Впрочем, демократијата е само еден од видовите политички режими, ако режимот го сфатиме како начин на организација на највисоката власт во државата. Но, сепак, тоа не е самоволие, туку е систем на правила, кои преку разните форми на учество на народот во водењето на државата, овозможуваат практикување на политичката слобода, па и на економските, социјалните, културните и другите слободи и права на човекот, како единка, и на граѓанинот, како општествено битие, кое има потреба да биде дел од една поширока заедница, а тоа е секако, државата. Иако терминот демократија, како кованица која во превод би значела народно владеење или владеење на народот, јасно е дека тоа во буквална смисла на зборот не е можно. Но, демократијата, во најширока смисла би требало да се сфати како гаранција за остварување фер-плеј во политичката игра, имајќи ги притоа предвид слободите и правата кои треба да се почитуваат, начелото на владеење на правото како правно ограничување на државната власт, како и системот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска и нивно доследно почитување. Она што оваа формулација за демократското владеење ја прави проблематична - е прашањето за нејзината практична имплементација и за тоа, секако, не мислам дека е одговорна само актуелната политичка власт, туку и сите граѓани во општеството.

Тоа во суштина значи дека ние навистина имаме добри правни решенија, но имаме проблем со нивната имплементација во практиката. Цврсто сум убедена дека тоа е сепак многу подобро отколку таквите регулативи воопшто и да ги немаме. Треба само да научиме да се однесуваме во согласност со пропишаното. За да не звучи многу теоретски, ќе наведам неколку светли примери од нашата регулатива, кои покажуваат дека ова е така. Имено, ако како релевантен показател за степенот на владеење на правото во државава се земат предвид контролните листи за индикаторите за владеење на правото на Венецијанската комисија1) , ќе видиме дека законитоста, правната сигурност, злоупотребата на моќ, еднаквоста пред законот и пристапот до правдата се основните прашања кои се предмет на оценка за тоа колку во една држава владее правото. За да биде  позитивна оценката, потребно е составните елементи на овие индикатори да бидат позитивни. Дел од нив се токму такви, а тоа се следниве: во државава имаме регулатива која во голема мера е усогласена или е на пат да биде усогласена со регулативата на Европската унија, имаме лесен пристап до законите, имаме закони без ретроактивно дејство, согласно Уставот и законите имаме систем на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, имаме јасно определени процедури за донесување на законите, имаме можност за учество на јавноста во судските постапки, немаме изречени пресуди и казни без да се предвидени со закон... Она што ни недостасува е да се потрудиме да имаме позитивен пристап и сите со сопствен пример и однесување да се обидеме да бидеме активни чинители на едно среќно граѓанско општество, во кое не само на хартија, туку и во пракса ќе го практикуваме владеењето на правото. Впрочем, како најодговорни чинители овде не се само носителите на државната власт, туку и сите граѓани во општеството, поединечно или организирани во разни граѓански организации, политички партии и други форми на легитимно дејствување. Сите тие, односно сите ние, би требало конечно да сфатиме дека критиката и негативниот став кон справувањето со општествените предизвици е корисно, но не и единствено оружје во борбата за правна држава. Одговорноста за таквото однесување е на сите нас, и затоа сега, повеќе од кога и да било, потребен е  консензус во градењето на здрава демократија, во која било смисла.


1) Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа, составена од  62 земји-членки (од кои 47 се членки на Советот на Европа и уште 15 останати земји, меѓу кои САД, Канада, Мексико, Израел и др.), чија основна цел е да обезбеди правни совети за своите членки и да им помогне во усогласување на нивните правни и институционални системи со европските стандарди и со меѓународните искуства, во делот на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ