Средби, Семинар, Обука, Настан
   
01.10.2019
Работилница
Работилница на тема: „Поддршка за финансиско управување на микро, малите и средни претпријатија (MMСП) за пристап до финансирање на приватниот капитал“
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат ,

Стопанската комора на Македонија во соработка со Центарот за реформа во финансиското известување (CFRR) при Светската банка во Република Северна Македонија, во рамки на ЕУ-проектот: „ Зајакнување на финансиското известување и информирање за ММСП во Западен Балкан“, кој е дел од иницијативата РЕПАРИС (Road to Europe-Program of Accounting Reform and Institutional Strengthening), Ве покануваат на Работилница на тема: „ Поддршка за финансиско управување на микро, малите и средни претпријатија (MMСП) за пристап до финансирање на приватниот капитал“ .

Целта на работилницата е да се претстави приватниот капитал на давателите на услуги на ММСП-а и да се започне со зголемување на нивниот капацитет за поддршка при фазата на раст и собирање на потребниот финансиски капитал за финансирање на етаблираните ММСП-а, а со тоа ќе им се помогне да станат подготвени за инвестиции.

Настанот ќе се одржи на 1 октомври 2019 година (вторник), со почеток во 9:00 часот во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Учеството за работилницата е бесплатно.

Работен јазик на работилницата е англиски јазик, со обезбеден симултан превод.

Ве молиме, Вашето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 24 септември 2019 година (вторник), кај лицето за контакт: м-р Ивана Крстевска, е–адреса: ivana@mchamber.mk и на контакт тел: 3244-051.


Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015








Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје