Семинар 31.10.2019 НИШТОВНОСТ НА ТРАНСАКЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ПОБИВАЊЕ НА ДОЛЖНИКОВИ ПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ

Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема:
 
НИШТОВНОСТ НА ТРАНСАКЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ, ПОБИВАЊЕ НА ДОЛЖНИКОВИ ПРАВНИ ДЕЈСТВИЈА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ

31 октомври 2019 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 31 октомври 2019 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на законските одредби, анализа на судската пракса, како и дилеми кои во пракса ги предизвикуваат законските одредби кои ги регулираат условите за ништовност на трансакции според Законот за извршување, условите за побивање на должникови правни дејствија според Законот за облигационите односи и според Законот за стечај.

Предмет на анализа ќе бидат одредбите од Законот за извршување, Законот за облигационите односи и Законот за стечај кои се однесуваат на насловната тема. Ќе биде презентиран дел од судската пракса во Република Северна Македонија преку референтни одлуки, како и правните дилеми кои произлегуваат од практичната примена на законските одредби и честопати невоедначената судска пракса, која се појавува заради различното толкување на законските одредби, како и заради несоодветно поставени тужбени барања од странките во постапките.

На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите размислувања, ставови и  проблеми во врска со практичната имплементација на   одредбите на наведените закони.

ПРОГРАМА:


Ништовност на трансакции согласно одредбите на Законот за извршување:
- поим на трансакции во смисла на Законот за извршување;
- кога се смета дека постојат законски претпоставки за утврдување на ништовност на трансакции;
- како треба да гласи изреката на пресудата за утврдување на ништовност на трансакција;
- дали постои разлика помеѓу ништовност на правни дела согласно Законот за облигационите односи и ништовност на трансакција?

Побивање на должникови правни дејствија согласно Законот за облигациониот односи;

Побивање на должникови правни дејствија согласно Законот за стечај;

Сличности и разлики во законските услови за побивање на должникови
  правни дејствија според двата закона;

Судска пракса.


Целна група: 
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, законските застапници, адвокати, стечајни управници и сите заинтересирани за областа која ја покрива семинарот.

Предавач:

Татјана Сусулеска, судија при Апелациониот суд - Битола, која работи во граѓанскиот оддел на граѓански и трговски спорови, постапки за стечај, вонпарнични постапки, како и постапки по жалба против решенија донесени по приговори против незаконитости во постапките за извршување. Претседател е на Одделот за судска пракса на истиот суд, предавач во почетна и континуирана обука на судии и јавни обвинители на Академијата за судии и јавни обвинители, автор на повеќе стручни трудови од областа на трговското право и стечајот.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до  28 октомври 2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 22.09.2020
ИТ-КАТАСТРОФИ И КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Дефинирање, тестирање и опоравување -
Online Бизнис средби, 22.09.2020
„ОНЛАЈН“ НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И БИЛАТЕРЛАНИ СРЕДБИ- „SOLAR ENERGY BUSINESS MIXER“
Семинар, 24.09.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА - TELESALES
Семинар, 25.09.2020
ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ
Семинар, 25.09.2020
ДЕЛОВЕН ЕКСЕЛ - ПИВОТ ТАБЕЛИ, СЦЕНАРИЈА И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ ВО ФУНКЦИЈА НА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 27.09.2020
ИЗВОЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ТУРИЗМОТ КАКО ПРЕДИЗВИК НА НОВОТО ВРЕМЕ
Семинар, 29.09.2020
ИНТЕРНИ АУДИТОРИ НА СИСТЕМ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 01.10.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“