ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
31.10.2019
Семинар
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА
Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат, Македонија

Стопанската комора на Македонија на 31 октомври 2019 година година организира еднодневен семинар на тема: ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА  ВО ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ВЕРОДОСТОЈНА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ИНТЕРНИ АКТИ.

Целта на семинарот е правилна примена на легислативата со која се уредува пресметката за надоместоци на трошоци поврзани со работата низ призма на даночна регулатива и веродостојна сметководствена документација.
На семинарот присутните ќе научат како  правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор, во судска постапка, при економско вештачење и правилно делегирање на одговорностите во правниот субјект со интерни акти.
На еднодневниот семинар присутните ќе бидат запознаени и со надоместоците на трошоците согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор низ призма на даночна регулатива, односно Законот за данок на личен доход, Законот за данок на добивка и Законот за даночна постапка како примат во даночната регулатива. Пресметка согласно подзаконските акти и практични примери.

ПРОГРАМА
ПРВ ДЕЛ:
Правилници и акти на работодавачот
- Договор за вработување;
- Права на работниците;
- Правилник за работните односи;
- Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места;
- Други акти.
ВТОР ДЕЛ:
Плата и надоместоци на плата:
 Основна плата, работна успешност и додатоци:
- Основна плата, дел од плата за работната успешност и додатоците.
 Надоместок на плата, односно надоместување на трошоците поврзани со работа:
- Трошоци и надоместоци за службено патување во земјата и странство;
- Теренски додаток;
- Користење приватен автомобил за службени патувања;
- Одвоен живот од семејството;
- Отпремнина при одење во пензија;
- Јубилејни награди;
- Надоместоци на трошоци согласно ОКД.
ТРЕТ ДЕЛ:
Практични примери:
- Пресметка на надоместоци на трошоци поврзани со работата согласно ЗРО и ОКД практичен дел;
- Интерни акти.
ЧЕТВРТ ДЕЛ:
Надоместоци од плата низ призма на:
- Законот за данок на личен доход;
- Законот за данок на добивка;
- Законот за даночна постапка;
- Подзаконски акти за дадената тематика.

Целна група:
Вработени во финансиски сектор, сметководство, благајници.


Предавачи:
 - м-р Симонида Георгиевска, овластен сметководител и судски вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење, сопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 20-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање, магистер по економски науки од областа на сметководството на тема: „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“;
- м-р Иван Јаневски, правен консултант со положен правосуден испит и одговорен во делот за изработка на плати во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, магистер во делот на работни односи и човечки ресурси, со долгогодишно искуство во невладиниот сектор; судско практицирање во областа на работните односи;
 - м-р Билјана Патлиџанковска, овластен сметководител и раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 17-годишно работно искуство во областа на административното  и благајничкото работење, магистер по економски науки;
 - Ивана Петковска, дипломиран економист на отсек Сметководство и ревизија, овластен сметководител и судски вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење, вработена во Сметководствено друштво „ТИВАНИ-Компани“ на позиција раководител на Сектор за финансиски и сметководствени работи и даночен консалтинг со 11 години работно искуство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал;
 - ручeк и освежување;
 - прирачник;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 25.10.2019 година.
Во прилог:  Пријавен лист и Агенда.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје